Also available in:
Поезија на телото и минливоста
„Книгата песни Небиднина на Ацо Шопов (Македонска книга, Скопје, 1967) одново го потврдува неговиот чист и непоматен, во вистинска мера инспириран поетски израз, насочен кон брилијантни и спонтани лирски моменти“, пишува Драшко Реѓеп во овој текст објавен во саравески Израз, во 1968 година.
„За моето поимање на поезијата“, укажува тој, „најуспешната, во полн сјај антологиска песна во оваа книга несомнено е Има долу една крв. Во целокупната лирика на Ацо Шопов — и покрај тоа пто е толку богата и изграденa врз еден, врз голем бран на доживеаност и автентична смиреност — тешко дека може да се пронајдат повеќе поетски структури што се толку возбудливи и толку продорни како оваа, преку која авторот драматично бара сознание, но сознание за темните пориви на битието, за непојмливите длабочини, за тешката и темна крв што долу, длабоко, тече глуво и непојмливо, владеејќи со нас како понорница, како возбуда. Тоа е таа страшна крв на оваа лирика која никогаш и не ѝ дозволила да се наднесува ласкаво над хоризонтите на лажните поетичности, туку ја насочувала кон остатокот отаде тие хоризонти, кон тајната“.
Драшко Реѓеп (1935-2019), српски писател
Превод на статијата „Poezija tela i prolaznosti (Aco Šopov: Nebidnina, Skopje, 1967)“ објавена во Izraz, ХІІ, 12, Sarajevo, 1968, str. 546-548.
Во Фондот Ацо Шопов, во Архивот на Македонската академија на науките и уметностите се наоѓа фрагмент (2 листа) од оригиналниот машинопис на српскохрватски јазик, латиница, под број: АШ К4 АЕ138.
Други статии на Драшко Реѓеп за творештвото на Ацо Шопов