Also available in: French

Распорувач на там-тамот

Човеку злокобен,
Клуну челичен,
Уништувачу на радоста,
Имам испробани оружја.

Моите зборови од кремен, цврсти и остри
Ќе те погодат,
Мојот танец и смеа, делиричен динамит,
Ќе те разнесат
Како бомби.

Ќе те срушам
Гаврану црн,
Распорувач на там-тамот,
Убиец на животот.

Леополд Седар Сенгор, Различни песни
Препев од француски: Ацо Шопов во Поезија, 1975, и во Сенгор – Шопов: Паралели, 2006