Also available in:
Ноќна мора
Одеднаш се сепнав разбуден од јасен ѕвон, од удар на меч.
Душата моја налуничава ко ноќна пеперуга вртоглаво се врти околу
некој фенер.
Песната на сирена што се гласи во твоите писма и ги подгорува крилјата. Стојам растргнат, збигорен, помеѓу стравот од смртта и ужасот на животот. А ниедна книга - ниту една - да ја пороси мојата мака.
Духот ми е попуст од Сахара.
Пепелта на моето срце е горчлива како исушен цвет.
Ти само можеш да ме спасиш, надеж моја,
Ти, мое сегашно, мое трајно минато време, мое безвреме
Ти совршена моја, не твоите писма, туку твоето присуство, твоите
вечнолетни сончеви усни.
Те чекам во исчекување смртта да стане од мртвите.
Леополд Седар Сенгор, Писма од ивернажот, 1973
Препев од француски: Јасмина Шопова, Сенгор – Шопов: Паралели, 2006