Also available in: French

Чествување на Сенгор во Струга

Кон крајот на август 2006 година, во рамките на одбележувањето на Годината Сенгор во Македонија, на Струшките вечери на поезијата се одржа чествување на Сенгор, добитник на Златниот венец на во 1975 година.

Настанот го водеа поетите Жан Портант (Луксембург) и Влада Урошевиќ (Македонија), како и Јасмина Шопова, претседателка на Националниот комитет за одбележување на Годината Сенгор во Македонија.

Во омажот учествуваа поети од различни земји, меѓу кои и добитничката на Златниот венец во 2006 година, кубанската поетеса Ненси Морехон. Песната „Црна жена” од Сенгор одекна во салата на десетина јазици.

Во рамките на настанот беше презентирана и книгата Сенгор – Шопов: Паралели, Скопје, Сигмапрес, 2006.

Фото галерија од омажот