Also available in: French

Меѓународен симпозиум „Сенгор во полна слобода”

Меѓународен симпозиум „Сенгор во полна слобода“, Ректорат УКИМ, 20.3.2006

На 20 март 2006  (Светски ден на Франкофонијата), се орджа меѓународен симпозиум посветен на Леополд Седар Сенгор, во рамките на прославата на Годината Сенгор во Македонија. Симпозиумот го организираше Љубица Шутуркова, проректор за меѓународна соработка на универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.

Од странство учествуваа :

  • Жан-Мишел Џиан (излагањето не е достапно)
  • Гзавие Гарние: Поетика на движење, поезија меѓу два света (на француски)
  • Бенар Муралис: Сенгор и лукавството (на француски)
  • Алоиз Ндиај: Сенгор и мислата на Декарт (на француски)
  • Амиду Сал: Сенгор, градител на мостови (на француски)
  • Беида Шики: Инкарнација на песната: сенгоровска мистика? (на француски)

Од Македонија  учествуваа:

 

Симпозиумот го отворија: Георги Мартиновски, ректор, Илинка Митрева, министер за надворешни работи (инаугурален говор), Кристијан Валантен (Сенгор и Франкофонијата – на француски), директор на високиот совет на Франкофонијата и Јасмина Шопова, претседател на националниот комитет за одбележување на Годината Сенгор во Македонија.

Околу шеесет студенти, академски граѓани и видни личности од Македонија ги следеа работните сесии на колоквиумот, меѓу кои и поранешниот претседател на Републиката, Киро Глигоров.