Also available in: French
Омаж на Сенгор и Шопов, 2006
На 21 март 2006, Светски ден на поезијата, во централниот хол на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, во Скопје, министерот за култура Благоја Стефановски отвори изложба посветена на Леополд Седар Сенгор и на неговото присуство во Македонија, во рамките на чествувањето на Годината Сенгор во Македонија.
Посебно место во овој настан имаше Ацо Шопов, пријател на Сенгор и препејувач на неговата поезија на македонски.
По отварањето на изложбата се одржа омаж на Сенгор и Шопов со учество на Амиду Сал (OIF), Ристо Лазаров, Јасмина Шопова и Петар Арсовски кој ги прочита на македонски познатите сенгорови песни “Време е да појдам” (во препев на Влада Уришевиќ) и “Црна жена” (во препев на Ацо Шопов).
УНЕСКО се вклучи во чествувањето со видео порака од Генералниот директор Коичиро Мацура, специјално снимена по овој повод.
На омажот зедоа збор директорот на Високиот Совет на Франкофонијата, Кристијан Валантен, и директорот на Францускиот културен центар, Филип Дегут.
Емил Киријас, национален координатор за Франкофонијата, се обрати од името на министерството за надворешни работи, а Влада Урошевиќ говореше во името на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.
Слушнете ја неговата реч “Зошто да се пишува поезија денес“.
Фото галерија од отворањето на изложбата
Фотогалерија од омажот