Also available in: English French

НАСТАНИ

Се наоѓате во салата посветена на поважните настани поврзани со творештвото на Ацо Шопов. Во ова просторија на неговиот Лирски дом се достапни информации и илустративен материјал од моментите кои го одржуваат жив споменот за македонскиот поет.

Редовни годишни настани

Денови на поезијата, Скопје

Од 2024 година, Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија ги организира еднаш годишно Деновите на поезијата со цел да ѝ ја претстават македонската современа поезија на најшироката публика, поврзувајќи ги, преку ликот на Шопов, сите генерации поети, од основоположниците, преку афирмираните поети, па сè до оние кои допрва почнуваат да ја градат нејзината иднина.

Податоци за манифестацијата и пристап кон информациите за секое издание

Отворена капија на Лирската воденица, Бургундија

Годишна средба меѓу културното наследство и современото творештво, со цел да поттикне дијалог меѓу културите, Отворената капија на Лирската воденица е културна манифестација основана во 2025 година во Бургундија, Франција, од страна на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија

Податоци за манифестацијата и пристап кон информациите за секое издание

2023, Година во чест на Ацо Шопов

Во текот на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски, ликот и делото на македонскиот поет беа предмет на омажи како на наставно-научната, така и на уметничката сцена, во Македонија, но и на многу други места во светот.

Податоци за јубилејот и пристап кон информациите за главните манифестации

Настани по години

  •  2024
    • 21 декември: Државна награда „Мито Хаџи-Василев-Јасмин“ за Иван Антоновски (за книгата Од онаа страна на Небиднината, разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов)
    • 8 ноември: Премиера на „Марта Верина“ – МНТ, Скопје
    • 19-24 март: Денови на поезијата – Скопје Сити Мол
    • 19 март: Промоција на Автопортрет со седум прсти - Лабораториум
    • 21 септември: Промоција на двојазичниот избор Златен круг на времето – Љубљана
    • 26 септември: Книжевна вечер посветена на Шопов во Друштвото на словенечките писатели, Љубљана
    • 25 април: Промоција на двојазичниот избор Од најстара и најчиста сончевина, на Јагелоњскиот универзитет во Краков, Полска
  • 2023