Also available in: Serbian

Симболичко кажување

Во поезијата на Ацо Шопов можат да се откријат две линии; и двете поаѓаат од индивидуалното искуство на поетот. Од една страна, таа поезија претставува обид да се надмине чувството на трагичната човечка минливост, а од друга, возбудлив опис на природата, прекриена со чудесната светлина на поетовата тага и на неговиот напор преку песната, значи преку творечкиот чин, да се помири со реалноста чијшто несклад ја вознемирува неговата свест. Со ова, поетот ја надминува ограниченоста на исповедничкиот начин на пеење [...] Слободно може да се каже дека Шопов сиот гори во настојувањето да се изрази себеси, да го пронајде, преку симболичното претставување на светот, патот што води до него самиот.

Прочитајте го интегралниот текст на српкохрватски

Миодраг Рацковиќ (1938 - 2004), југословенски писател од Нови Сад, кој живеел во Загреб

Овој есеј за поезијата на Шопов, инспириран од збирката Предвечерје, е објавен во списанието Савременик, бр. 8-9, Белград, 1966, стр. 235-239.