Еден романтичарски поет*
Николај Тимченко
„Вечниот немир на поетот е сведоштво за едно поетско неодобрување на светот и животот околу него и во него, за една поетска природа што е блиска до романтичарскиот концепт, но на која не ѝ се туѓи ни контемплацијата, ни продирањето во просторот ‘од другата страна на животот’“, пишува Николај Тимченко во рецензијата на книгата Предвечерје од Ацо Шопов. „Иако оваа поезија е една од оние кои не ја надминуваат личноста на поетот, туку ја издигнуваат до ранг и значење на космички објект, таа е блиска до современиот сензибилитет пред сè со нејзината насоченост кон потрагата и со постојаниот напор да се фиксираат слики и симболи со кои се изразува не само доживувањето на сопствениот интимен свет туку и одредено критичко дистанцирање од него.”
* Прочитајте го оригиналниот текст на српскохрватски јазик, објавен во Књижевност, бр. 10, Београд, 1966, стр. 325 под наслов „Један романтичарски песник“ (Ацо Шопов, Предвечерје, Графички завод, Титoград 1966).