Also available in: Serbian
Песната, таа драга измама
“Поетот, дел од нас, од нашата иста современост, зборува за жената, за немирот, за своите впечатоци од патувањата, за своите претчувства и сомнежи, за смртта, за непостоењето, за ништожноста кон која се придвижуваме неизбежно, минувајќи, одејќи ѝ во пресрет, но тој ист и обичен круг на теми, кругот на кој нè осудува животот, времето, не ја лишил оваа поезија од нејзиниот идентитет, ниту од смелоста, на свој начин – без оглед на можните претходници или врсници –, да ја искаже својата страст, да ја искаже сопствената присност што ја чувствува кон светот, кон вредностите во чие име човек, секој човек, живее“, пишува Ристо Трифковиќ.
Во неколку циклуси и песни [...] „Шопов сведочи, зборува за својата судбина, ги искажува своите мисли, своите чувства, своите сеќавања на луѓето, местата и љубовта, со надеж дека неговата песна некому ќе му значи нешто, како што значела нему. Дури, како и многу наши современи поети, тој ѝ се обраќа на песната, барајќи од неа верност, надеж и страст, кои никој ги нема во изобилство во животот. Наместо изобилство, во оскудноста и тривијалноста на секојдневниот живот, доаѓа песната, вистинскиот збор, за да ги смири душата и срцето, топла илузија, драга измама и трик. Подобро тоа отколку ништо.
Прочитајте го оригиналниот текст во целост, на српскохрватски.