Also available in: French
Шопов: Поет на мислата во чекор
Ацо Шопов (1923-1982) е поет на мислата во чекор, на разрешувањето на спротивностите. Оксиморонот „црно сонце“ кој е и наслов на збирката на тоа јасно укажува. Зашто неговиот сон е „фениксовски“, зашто кај него има потреба да се надмине смртта, да се избришат ознаките и реперите, и конечно да се прогледа јасно кога ноќта процутува „како црно лале“. Во неговата поезија има и јарост, би се рекло природна јарост која ечи заедно со природните елементи.
Кај Шопов, зборот е начин да се врати времето, да се проговори за ѕвездата која се извишувала на небото во древните времиња или пак – но тоа се сведува на истото – да се врати детството: „О дете што те нема – мојата црнина твоја прегрнина“.
Пол Матје, белгијски и луксембуршки писател, е автор на овој краток осврт кон изборот Soleil noir = Schwarze Sonne (Црно сонце) од Ацо Шопов, објавен во издавачката куќа PHI од Луксембург, во 2012 година.
Освртот е дел од еден подолг напис под наслов „Paysages inachevés : Quelques nouvelles publications chez Phi“ (Пејзажи во недоглед: Неколку нови изданија на PHI).
Прочитајте го оригиналниот текст на француски, објавен во Le Jeudi (Luxembourg), бр. 28 (2012, 12 јули), стр. 29.