Also available in: English French

Aко ти недостасува светлина

Ако ти недостасува светлина
земај ме.
Ноќ да сум ноќ ќе изгорам
ќе те разденам.
Ако и љубов ти недостасува
земај ме.
Црнките на ноќта ќе ги ископам
ѕвезда да се огледаш, да огрееш.

Ако ти недостасува омраза
и тогаш земај ме.
Пекол ми вие под срце
пекол вековиште.

Ако ти недостасува светлина
земај ме.

Ако пак јас ти недостасувам
што сум ти!
Без да те гледам во недоглед
без да изгорам.

Толкувањa на песната

Наполно свесен за својата одговорност како македонски модерен поет, Шопов создава богати и сложени песни на еден долго потиснуван јазик, за еден народ чијшто национален идентитет беше дури неодамна официјално признат. Дел од оваа свест се открива и во песната „Ако ти недостасува светлина“.

Прочитана вон контекст, таа личи на убава љубовна песна во која поетот ветува дека ќе стори сè за да ја утеши и поткрепи љубената. Но, прочитана во контекст на Гледач во пепелта – веднаш по „Тажачка од онаа страна на животот“ и опкружена со други песни поттикнати од сликите на разурнатото Скопје – во оваа песна прозвучува љубовта на поетот кон својот ожалостен народ, кому тој му ветува дека ќе ги употреби сите свои сили за да го смири неговиот неизмерен бол. Оваа љубов е взаемна.“ – Роли Грау и Кристина Е. Крамер, во „Тука е тој оган: Долгото патување на Ацо Шопов

„Ако ти недостасува светлина“ и „Квечерина“, во музичка изведба на Ендру Доунинг (дупли бас), Кростофер Беган (пијано), Анаис Келси-Вердекиа (сопрано, солистка), Алисон Беквит (сопрано), Аника Венкатеш (меѕо-сопрано), Лери Беквит (тенор) и Дион Мацероле (бас).

Хеликониан Хол, Торонто, 14.2.2025

Композитор: Мајкл Спироф