Трета молитва на моето тело

Што си : девојка, жена, мајка? Што си
ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи
телото мое молитвено што клечи.
Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи.
Што си : девојка, жена, мајка, што си?

Што си ти застаната со спокој темен
пред ова тело чиј глас со виј го гони
ветрот што лута под тајни небосклони,
чиј глас е жед и виј на вијот земен.
Што си ти застаната со спокој темен?

Што си ти : девојка, жена, мајка,
ти – скаменета пред влезот на овој храм
со моќно име: ПОБЕДУВАМ,
па ова тело возвишено го крена.
Што си ти : девојка, мајка, жена?

Ацо Шопов, Небиднина, 1963
Песната е објавена на српско-хрватски во Антологијата на повоената македонска поезија на Димитар Митрев, во 1960 год.

Слика од Кирил Ефремов (1974 год.) инспирирана од песната на Ацо Шопов “Трета молитва на моето тело”.