Also available in: French

Пролетна

(фрагмент)

Слушни го пријателу, далечен и глув, татнежот на луњата што како оган
се витлее во брусот
И крвта што ми јачи и се снове во мојата претешка глава препуштена на
бесни струи.
Ах таа бура, тој пожар по белите бокови на белиот спокој на мојата Африка!
Во ноќта ковината се крши и ечи
На двеста милји наоколу куршуми мјаукаат ко мачки и шакали цвичат
под небо без месечина
Рикаат топови, чкртаат стотонски дебелокошци.
Мојата Африка ли е овој брег од жив песок, ова боиште, оваа долга права
линија, оваа линија од челик и оган?...
Слушни го грмежот на орлите-тврдини што фрлаат оган низ сите ноздри
И ко молња ги згромуваат градовите.
И јуришот на овие тешки локомотиви над катедралите
И горежот на прекрасните градови во пламен, но уште пожолти но уште
посуви од тревите во брусот во сезоната на сушите.
Високите кули, гордоста наша, се струполуваат ко шумски дивови
оставајќи зад себе крш и лом
И тешките зданија од бетон и челик се топат ко восок пред нозете божји.

Леополд Седар Сенгор, Ноктурна, 1961
Препев од француски: Јасмина Шопова, Сенгор – Шопов: Паралели, 2006


Брус: Честак од грмушки во полупустински предели, во западна Африка. Зборот се користи најчесто за да ја означи внатрешноста на Сенегал.