Повлекување на огнот
Молчи огнот претворен во кора
под бучава на столетна гора.
Запленувач и жртва на пленот
на бел јарбол го качува денот.
Молчи огнот со исушен пламен
под езеро тврдо како камен.
Молчи огнот под бучава тмурна
и се вее ко пепел од урна.
Ацо Шопов, Гледач во пепелта, 1970
Песната е претходно објавена во Раѓање на зборот, 1966 и Златен круг на времето, 1969