Лов на езеро
Птица устремена. Стрвнина.
Исправен нор со закана.
Глуне езерска поврвнина,
модра од тага исплакана.
Темниот удар на крилото
темно ја сече модрината.
Блеснува на студенилотo
рибата в клунот раскината.
Денот е cив од умирање.
Сами сме. Ништо не велиме.
Некое немо разбирање
нè гони да се разделиме.
Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955
Песните „Лов на езеро“, „Во тишина“ и „Младост“ за првпат се објавени во Современост, 1954, стр 834−835.
„Лов на езеро“ за првпат е објавена на српскохрватски во Антологијата на повоената македонска поезија на Димитар Митрев, во 1960 год.