Кога ти е најтешко

Кога ти е најтешко, кога ти се чини
дека гласот ти е крик, a погледот – молење,
загледај се, нурни се во водите сини,
ај, во таа свежина, во тоа шумолење.

Ќе сетиш сo длабок здив
сила и смирување.
Погледот ќе блесне жив,
жив од подмладување.

Слушнете ја песната во изведба на Софија Гогова Врчаковска