Верглата
По булеварот Saint-Germain
верглата минува секој ден.
Старата позната песна здушено в неврат се слива.
Досадна сива магла, досадна песна cивa.
Пo булеварот Saint-Germain
сликарот стар е секoј ден.
Непознат снуждено седи дури го пречека зора,
непознати слики нуди на сите в „Source” и „Flоra”!
Ha булеварот Saint-Germain
облачен, матен, зимен ден.
Верглата мрмори глуво и глуво мрмори Сена.
Сликарот бавно стана и празен поглед крена.
Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955