Also available in: English French

Стипендија „Ацо Шопов“

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ воведе, во 2024 година, програма за стипендирање млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за студенти во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., а во доменот на научноистражувачката методологија се придржуваат до современите научни парадигми.