Also available in: French

Едуар Моник, Маврициус

Едуар Моник, во 1992 година.

Едуар Моник (1931-2021) е франкофон поет од Маврициус. Бил главен уредник на списанието Demain l’Afrique (1977-78), директор на Колекцијата Репрезентативни дела на УНЕСКО (1983-91), амбасадор на Маврициус во Јужна Африка за време на Мандела (1994-99). Автор е на дваесетина збирки поезија и добитник на голем број награди меѓу кои наградата Аполинер, како и Гран При на Франкофонијата, што Француската Академија му ја додели во 2003 год.

Едуар Моник препеа широк избор од творештвото на Ацо Шопов на француски јазик, под наслов Во личен избор (Anthologie personnelle), коедиција УНЕСКО, Actes Sud, 1994. Слушнете ја неговата изјава на МТВ по повод објавувањето на книгата.

Прочитајте ја неговата статија Ацо Шопов — молк што свети, (1992), објавена во Нова Македонија (1992), пропратена со песната посветена на Шопов „Отсутниот е секогаш тука“. Извадок од оригиналниот ракопис на песната на француски е достапен тука.

Повеќе информации за Едуар Моник (на француски)