Also available in: French

90 години од раѓањето на Шопов - МАНУ 2013

Чествување на Шопов во МАНУ, 2013

На 25 ноември 2013, во МАНУ  се одбележа 90 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов. Публиката ја поздрави Луан Старова. Kатица Ќулавкова ги промовираше најновите изданија на тврештвото на Ацо Шопов, меѓу кои  Гледач во пепелта, во издание на Везилка2011, како и првата книга објавена на бугарски јазик во избор и препев на Роман Кисиов, Раждане на словото а во издание на Авангард принт, од Русе.

Георги Старделов посебно се осврна на Гледач во пепелта (првпат објавена во 1970) која ја смета за врвен дострел во македонската поезија. Јасмина Шопова, ќерка, толкувач и преведувач на поетот, говореше за присуството на Шопов на социјалните мрежи- особено YouTube и FaceBook, како и  Википедија, и го најави интернетскиот портал што моментално го посетувате, Лирскиот дом на Ацо Шопов. Истиот беше промовиран година дена подоцна, на 8 октомври 2014 год.

Фото галерија од настанот