Also available in: English French

2023, Година во чест на Ацо Шопов

Пристап кон содржината на тријазичната брошура посветена на 2023, Година во чест на Ацо Шопов

Во текот на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски, ликот и делото на македонскиот поет беа предмет на омажи како на наставно-научната, така и на уметничката сцена, во Македонија, но и на многу други места во светот.

Беа објавени три книги на странски јазици (англиски, арапски и полски) и три книги на македонски, како и серија броеви или блокови во литературни списанија на македонски, но и на англиски, италијански и француски. Неговата поезија инспирираше дела од областа на визуелните уметности, балетот и музиката

На највисоко меѓународно ниво, Ацо Шопов беше чествуван на Светскиот ден на поезијата, 23 март, во седиштето на УНЕСКО во Париз.

Во оваа одаја на неговиот Лирски дом ќе се запознаете подетално со настаните и манифестациите одржани во текот на годината.

  • Трета зимска школа на МСМЈЛК
  • Ацо Шопов во УНЕСКО – Париз
  • Ацо Шопов во ИНАЛКО – Париз
  • Меѓународна научна конференција – Филолошки факултет Штип
  • Изложба „Во пет и седумнаесет“ Скопје
  • Омнибус “Небиднина“. Флипбук фестивал
  • 56. Летна школа на МСМЈЛК – Охрид
  • Струшки вечери
  • 50. Меѓународна научна конференција
  • Промоција на три книги – Кинотека Скопје
  • Ацо Шопов во Букурешт, Загреб, Истанбул и Љубљана
  • Промоција на Пронајди збор – ФлФ, Скопје
  • Музичка изведба на „Црно сонце“
  • Балет „Молитви на моето тело” – МОБ, Скопје

Годината 2023 инспирираше и низа проекти кои се реализираа во текот на следните години, меѓу кои и „Деновите на поезијата“ во организација на фондацијата Ацо Шопов – Поезија и Скопје Сити Мол.