Also available in:
Отворена капија на Лирската воденица, 2025
Во близина на Везле, село под заштита на УНЕСКО во Бургундија, три века стара воденица за првпат ја отвора својата капија за публиката, нудејќи дводневна програма исполнета со културни настани, на 12 и 13 јули 2025 година.
Позната под различни имиња во текот на времето – Берсон, Куњо, Моризо – денес таа се вика Лирска воденица, бидејќи прераснува во ниша на поезијата, музиката и визуелната уметност со меѓународен карактер.
На ова прво издание на манифестацијата, седумнаесет учесници – поети, музичари, уметници, глумци и модни креатори – од регионот и пошироко, од Франција и соседните земји, настапуваат со разновидни уметнички изведби. Биографиите на учесниците се достапни на француски.
Една од водечките идеи на проектот е поврзувањето на современото културно творештво со вредностите на културното наследство, во контекст на француската култура и културите на светот.
Во таа насока, Лирската воденица, во 2025 година, им оддава почит на Адам Бијо (Adam Billaut, 1602–1662), „столарот-поет од Невер“, амблематски лик во регионот; Луиш де Камоенш (Luís de Camões, 1525–1580), национален поет на Португалија за кого се одбележуваа 500 години од раѓањето; како и на модерниот македонскиот поет Ацо Шопов, душата на Лирската воденица.
На најмладите во публиката, ликовната работилница „Нацртај ми воденица“ им дава простор за изразување на нивната уметничка креативност. Сцени од работилницата, на француски.