Молитви на моето тело – Балетски триптих, 2023

 

 

Инспириран од „Молитвите на моето тело“ на Ацо Шопов, истоимениот балетски триптих беше премиерно изведен во 2023 година, на 20 декември,  денот на раѓањето на македонскиот поет. Со балетот се заокружи „2023, Година во чест на Ацо Шопов

Идејата за проектот е на Александар Ношпал, кој е и костимограф, а драматург е Соња Здравкова-Џепаровска. Потписници на кореографиите се Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андовска за првиот дел („Раѓање“), Адријана Данчевска-Ровчанин, на музика на Александар Гроздановски („Преплетување“) и Саша Евтимова, на музика на Александар Пејовски („Вознес”).

Во „Раѓање“, стиховите ги чита Никола Ристановски.

 

 

Сценографијата ја потпишува Михајло Стојановски, визуелен уметник е Флоријан Чанга од Албанија, видеоанимациите во циклусот „Вознес” се на Доријан Миловановиќ, мултимедија и графички дизајн на Лазе Трипков.