Also available in: English French
Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов се наоѓаат делата испирирани од творештвото и ликот на македонскиот поет. Шопов и неговата поезија поттикнале создавање на нови дела кај голем број уметници од бројни области на класичната и мултимедијалната уметност.
Во неа ќе најдете избор од портретите на Шопов изведени од прочуени македонски сликари, карикатуристи и скулптори, но и дела од различни гранки на уметноста инспирирани од неговата поезија.
Тука се и поетските инспирации, односно песните што му ги посветиле неговите пријатели или кои се надоврзале на неговите стихови.
Директен пристап до: