Also available in: English Serbian

Во тишина

Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина,
тишината сама ќе го рече.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955
Песните „Лов на езеро“, „Во тишина“ и „Младост“ за првпат се објавени во Современост, 1954, стр 834−835.
„Во тишина“ за првпат е објавена на српскохрватски во Антологијата на повоената македонска поезија на Димитар Митрев, во 1960 год.

Слушнете ја песната во изведба на Софија Гогова-Врчаковска и Зорица Георгиевска.