Also available in: English French Serbian

Фондација „Ацо Шопов – Поезија“

Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ има за цел да го негува и промовира творештвото на Ацо Шопов и да го возобновува интересот за македонската поезија и култура, особено кај младата публика во земјата и надвор до неа. Фондацијата се стреми да влијае и придонесува во афирмацијата на македонското културно наследство, на национален и на меѓународен план, преку примерот на Ацо Шопов.

Преку својата веб-локација, Лирскиот дом на Ацо Шопов, фондацијата им дава на располагање на истражувачите и на студентите голем број на документи, бесплатно достапни на различни јазици, со цел да го олесни научното истражување во областа на македонската поезија.

За таа цел, фондацијата почна да доделува стипендии за студенти од втор и трет степен кои во своите тези ја обработуваат македонската современа поезија.

Со поддржување на проекти во кои се вклучени поети, преведувачи, издавачи и други културни дејци, фондацијата се стреми да ја зајакне и меѓународата соработка особено на младите креатори од различни гранки на уметноста.