This post is also available in: Macedonian French Spanish German Russian English Serbian Slovenian Bosnian Albanian Bulgarian

bibliothequeKnjižnica

Translation in progress

Автор на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, Песни (1944), Ацо Шопов е исто така автор на првата македонска книга сатирична поезија, Јус-универзум (1968), а воедно е и првиот македонски поет преведен на словенечки. Контроверзната книга Слеј се со тишината, објавена во Скопје во 1955 година, излегува во Љубљана под наслов Zlij se s tišino, во 1957.

За време на животот, Шопов има објавено дванаесет оригинални збирки,  како и осум избори од неговата поезија и десет избори на други јазици. По смртта, бројот на последниве непрестано се зголемува.

На македонски јазик, Ацо Шопов има преведено дваесетина југословенски и светски класици (Змај, Корнеј, Крилов, Крлежа, Ростан, Сенгор, Тадијанивиќ, Шекспир…) а нему му ги доложиме и првите македонски преводи на класиците на детската литература, како што се Црвенкапа, Пепелашка, Мачор во чизми, Убавица и ѕвер, Палче и други.

Постојат повеќе зборници, специјални броеви на списанија или поглавја на книги посветени на творештвото на Ацо Шопов.

Во Библиотеката на неговиот Лирски дом можете да дојдете до подетални информации за избор од неговите:

⇒ збирки на македонски
книги преведени на други јазици
⇒ книги што тој ги превел на македонски
зборници и книги посветени на неговото творештво

Избор од неговите песни, разговори и други написи, како и од огледите и толкувањата на неговото творештво е достапен во Читалницата на Лирскиот дом.