This post is also available in: Macédonien Espagnol Allemand Russe Anglais Serbe
Années 1970
Translation in progress
Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов живеат спомени од престојот на поетот во Африка, но и од болеста што ќе го однесе. Во 1971 година, Ацо Шопов заминува како амбасадор на СФРЈ во Сенегал, чијшто претседател е прочуениот поет Леополд Седар Сенгор. Во првата половина на ова деценија, Шопов го препејува Сенгор, додека ја пишува збирката Песна на црната жена. Слушнете ја „Жена во ивернажот”.
Во втората половина, Шопов се посветува на претставување на македонската култура во странство, особено во Париз и во Рим.
Болеста постепено го надвладува, додека ја пишува тестаменталната книга Дрво на ридот, објавена две години пред смртта, во 1980 год. Слушнете стихови од „Дрво на ридот”.
- Retour au point de départ des parcours de la créativité
- Un bref aperçu de sa vie est disponible dans la Vitrine de la Maison lyrique.
© Aco Šopov – Poesis