This post is also available in: French Spanish German Russian English
Седумдесетти години на 20 век
Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов живеат спомени од престојот на поетот во Африка, но и од болеста што ќе го однесе. Во 1971 година, Ацо Шопов заминува како амбасадор на СФРЈ во Сенегал, чијшто претседател е прочуениот поет Леополд Седар Сенгор. Во првата половина на ова деценија, Шопов го препејува Сенгор, додека ја пишува збирката Песна на црната жена.
Слушнете ја „Жена во ивернажот”.
Во втората половина, Шопов се посветува на претставување на македонската култура во странство, особено во Париз и во Рим.
Болеста постепено го надвладува, додека ја пишува тестаменталната книга Дрво на ридот, објавена две години пред смртта, во 1980 год.
Слушнете стихови од „Дрво на ридот”.
Work in progress
Хронологија
1970
- Јуни: добитник на наградата на Дванаесеттите Змаеви детски игри за препевот на македонски јазик на избор од творештвото на Јован Јовановиќ-Змај, објавен во 1965 година, во Македонска книга.
1976
- Член на Српската академија на науките и уметностите вон работен состав, 07.0 5. 1976. Шопов е дописен член на САНУ од 07. 03. 1968.
1978
Современост, XXVIII, бр. 6, јуни 1978: Две раце, Домот на сонот, Сам со својот пламен во градите
За поподробни информации, кликнете на вињетите. Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт: © Ацо Шопов – Поезија