This post is also available in: French Spanish German Russian English

Шеесетти години на 20 век

Ацо Шопов, шеесети години на 20 век

Ацо Шопов, шеесетти години на 20 век

Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов живеат спомени од творецот на „небиднината” и на скопскиот земјотрес повторно преживеан во песните „Грозомор”, „Август”, „Тажачка од онаа страна на животот”…  Тоа се годините на „Молитвите на моето тело”, на „Долгото доаѓање на огнот”, на поетот  што прераснува во „Гледач во пепелта”. Во тоа време, Шопов ги преведува Мирослав Крлежа, Вилијам Шекспир, Изет Сарајлиќ, Драгутин Тадијановиќ… А се одлучува и да направи едно мало сатирично интемецо, со збирката Јус-Универзум. Во текот на истава деценија се раѓаат и Струшките вечери на позијата, како и Македонската академија на науките и уметностите.

headphonesСлушнете стихови од тој „златен круг на времето”: „Молитва за еден обичен но уште непронајден збор”, „Лузна” и „Има долу една крв„Грозомор”„Долго доаѓање на огнот”, “Старо купувам

1960: 

  • Ацо Шопов ги објавува песните “Старо купувам” и “Романтично бегство“, во Современост, X, 5 (Небиднина, 1963).
  • Хамлет принцот дански од Вилијам Шекспир излегува на македонски јазик во препев на Ацо Шопов. Ја добива наградата “11 Октомври”. Книгата ќе биде повторно издадена во 1966, 1971 и 1981.
  • Претседател на Сојузот на преведувачите на Југославија, до 1963.
  • 1 јуни: се раѓа ќерката Јасмина, во Скопје.

1961:

  • 28 март: дипломира на филозофскиот факултет во Скопје, отсек чиста филозофија.
    април: Јури Гагарин ја освојува вселената. Тој настан ја инспирира “Осма молитва на моето тело“.
  • Мај−декември: втор престој во Париз.
  • Се раѓа идејата за Струшките вечери на поезијата (СВП), по повод одбележувањето на стогодишнината од Зборникот на браќата Миладиновци. Ацо Шопов е еден од основоположниците.
  • Орден на Републиката со сребрен венец.

1962:

1963:

  • Ги објавува песните “Раѓање на зборот“, “Има долу една крв“, “Очај пред тврдината“, “Небиднина” и “Песната и годините” (Небиднина), во Современост, XIII, 4.
  • Јуни: од печат излегува Небиднина, непосредно пред скопскиот земјотрес. Оваа книга, која ‘и дава посебно обележје на македонската современа поезија, ќе доживее четири изданија, а голем дел од песните содржани во неа ќе бидат преземени во сите понатамошни избори од поезијата на Ацо Шопов, како на македонски, така и на други јазици.
  • Награда “11 Октомври”, за Небиднина.
  • Песни, избор од поезијата на Ацо Шопов.
  • Ацо Шопов (за лириката) и Тодор Димитровски (за прозата) објавуваат Избор од творештвото на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.
  • 26 јули: Скопски земјотрес. Оваа трагедија ги инспирира песните “Грозомор“, “Тажачка од онаа страна на животот“, “Август” (објавени во Златен круг на времето, во 1969 год., а потоа во Гледач во пепелта., во 1970 год.).
  • Претседател на Сојузот на преведувачите на Југославија.
  • Член на југословенска жири комисија за избор на план и изградба на мавзолеот на Петар Петровиќ Његош, на Ловќен, Црна Гора.

1964:

  • Ја објавува песната “Грозомор” (Гледач во пепелта, 1970), во Современост, XIV, 10.
  • Ромео и Џулиета. Хамлет. Отело, во препев на Ацо Шопов и Блаже Конески.
  • Скерлићева споменица, со избор од поезијата на Ацо Шопов, Белград.
  • Ветер приносить погожие дни (Ветрот носи убаво време), избор од поезијата на Ацо Шопов на руски, во препев на Александар Романенко.
  • Örök várakozó (Вечно исчекување), избор од поезијата на Ацо Шопов на унгарски јазик, во препев на Фехер Ференц, Нови Сад.

1965:

  • Во Современост, XV, 6, ги објавува песните “Август“, “Златен круг на времето” и “Тажачка од онаа страна на животот” (Гледач во пепелта, 1970).
  • Главен уредник на списанието Современост.
  • Поезија од босанскиот поет Изет Сарајлиќ, во препев на Ацо Шопов.
  • Избор од поезијата на Јован Јовановиќ-Змај, во препев на Ацо Шопов.
  • Морето и боите, од Григор Витез, во препев на Глигор Поповски, Ацо Шопов и Васил Куноски.

1966:

  • Раѓање на зборот, избор од поезијата на Ацо Шопов.
  • Вечер над градот, од хрватскиот поет Драгутин Тадијановиќ, во препев на Ацо Шопов.
  • Предвечерје, избор од поезијата на Ацо Шопов, во српскохрватски препев на Сретен Перовиќ, Титоград.
  • 19 октомври: во Остен излегува “Јус-критичар”, прва од серијата 22 сатирични песни објавени во збирката Јус-универзум, во 1968 година.
  • Претседател на жири комисијата на Мартовскиот фестивал на краткометражен филм во Белград. Наградата ја добива филмот Дванаесторицата од Папрадник, од Димитри Османли.

1967:

  • Песни, избор од поезијата на Ацо Шопов.
  • Ја пишува “Долго доаѓање на огнот”, пристапна песна за изборот во Македонската академија на науките и уметностите.
  • 18 август: Ацо Шопов станува еден од членовите оснивачи на МАНУ.
  • Октомври: главен уредник на сатиричното списание Остен, до октомври 1968.

1968:

  • Септември: Јус-универзум, збирка сатирична поезија.
    Избор од поезијата на Ацо Шопов. Автор на изборот и на предговотот, Георги Старделов.
    60 сонети од Вилијам Шекспир, во препев на Ацо Шопов.
    Дописен член на Српската академија на науките и уметностите.
    Претседател на жири комисијата на Пулскиот филмски фестивал.
    Претседател на Сојузот на писателите на Југославија.

1969: 

 

За поподробни информации, кликнете на вињетите.
Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт © Ацо Шопов – Поезија