Четириесети години на 20 век

Ацо Шопов, четириесети години на 20 век

Ацо Шопов, четириесетти години на 20 век

Творечкиот пат на Ацо Шопов во четириесеттите години на 20 век минува низ периодот во кој младиот поет револуционер станува член на Сојузот на комунистичката младина на Македонија пред да отиде во партизани веднаш откако ќе матурира во родниот град Штип.

Партизан во Третата македонска ударна бригада, тој по ослободувањето активно учествува во создавањето (2 август 1944) и изградбата на државноста на Македонија во составот на СФРЈ.

Во тој период ја пишува познатата песна „Очи”, посветена на Вера Јоциќ, и ги објавува своите три први збирки поезија. Во тоа време се појавуваат и списанијата Млад борец (1944-1996), и Нов ден (1945-??), што Ацо Шопов ќе ги уредува, по партизанското искуство со списанието Оган.

Кон крајот на оваа деценија се оснива и Друштвото на писателите на Македонија. Ацо Шопов е еден од неговите оснивачи а во неколку наврати ќе биде и негов претседател.

„Не попусто таа прва наша повоена генерација писатели е наречена голема”, пишува литературниот критичар Миодраг Друговац во преговорот на книгата на Ацо Шопов Златен круг на времето (1969), „таа мораше да ја изврши лингвистичката и литературна револуција, а истовремено на повеќе различни страни да врши високи општествени и политички должности, често врзувајќи го денот со ноќта и ноќта со денот, градејќи пруги и нови градови, хидроцентрали и задружни домови, толкувајќи ја македонската и општојугословенска револуција од говорниците на меѓународните трибини и во своите ретки слободни часови посветувајќи ги мислите и чувствата, сеќaвaњата и визиите на т.н. суперструктури на општествената надградба, на своите литературни бели ноќи.”

Во текот на оваа деценија се раѓа синот на Ацо Шопов, Владимир (16 декември 1948- 23 јануари 2000), во бракот со Благородна.

Хронологија

work in pogress

Во 1944 година, од печат излегува и првата книга на македонски јазик во слободна Македонија: Песни од Ацо Шопов. Истата година Шопов го објавува “Маршот на тертата макеоднска ударна бригада“, познат по првите стихови: “Ко челик сме ние”. Песната првпат е објавена во Положај, весник на Втората македонска ударна бригада, април−мај, 1944 год., а потоа во збирката Со наши раце, 1950 год.