This post is also available in: French German Russian English Serbian Croatian Bosnian Albanian
Архитектура на Лирскиот дом на Ацо Шопов
Се наоѓате во Лирскиот дом на Ацо Шопов (Штип, 1923 – Скопје, 1982), еден од основоположниците на современата македонска поезија кој се вбројува во редот на најеминентните поети на југоисточна Европа во дваесеттиот век.
- За тоа како се роди идејата за ovaa веб-локација која ги отвори своите врати за публиката на 8 октомври 2014 год., и за архивскиот материјал користен во него, ќе дознаете тука.
- Витрината на Лирскиот дом содржи кратка биогрaфија на авторот, додека детални информации и илустрации се наоѓаат во просторијата Патот по кој чекорам, насловена според неговата изјава во едно интервју од 1978 година: „Никакви книжевни ветрови не успеаа да ме обвијат со туѓа наметка која би се косела со мојата поетска природа. Тие ветрови ме корегираа, поправаа и доведуваа до сè попотполно поетско изразување, но не ме оддалечија од патот по кој чекорам”.
- Библиотеката ги содржи неговите оригинални и преведени книги, како и книгите што тој ги превел на македонски и изданијата што му се посветени.
- Во Читалницата се наоѓаат речиси сите негови објавени песни, како и избор од ракописи, преводи и препеви, разговори, статии и искажувања. Во неа можете да прочитате и голем број толкувања на неговото творештво.
- Во Галеријата се изложени неколку уметнички портрети на Шопов, како и ликовни дела инспирирани од неговото творештво, додека Видеотеката нуди снимки од настани врзани со неговото творештво, но и голем број песни во интерпретација на познати актери.
- Посебен простор им е наменет за Настаните поврзани со Ацо Шопов во неговиот Лирски дом. Во него се прикажани информации и фотографии од тие моменти на дружење со неговата поезија кои го одржуваат жив споменот за него.
- Во Лирскиот дом можете дојдете до информации за активностите на Фондацијата Ацо Шопов – Поезија, да купите книга во Книжарницата и да ги запознаете Пријателите на Ацо Шопов вон Македонија, а посебно катче имаат и добитниците на наградата Ацо Шопов, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува секоја година за најдобрата збирка објавена претходната година.