This post is also available in: Macedonian French Spanish German Russian English

Aco Šopov : Soleil noir = Schwarze Sonne (Црно сонце), PHI, Differdange, 2012

Translation in progress

2012 Soleil noir bilingueТриесет песни во француски и германски препев, за триесет годишнината од смртта на Ацо Шопов: тоа е идејата со која  издавачката куќа PHI од Луксембург се приклучи кон меѓународниот омаж на поетот во 2012 година.

Песните од овој избор ги препеа на германски хрватската и австријска поетесата Ина Јун Брода [1899-1983] кон крајот на седумдесетите години на 20от век. За ова нивно прво објавување ревизија изврши луксембуршкиот германофон поет Нико Хелмингер и преведувачката Изабел Гранжон.

Препевот на француски му го должиме на маврицијанскиот поет Едуар Моник којшто препеа поголем избор од поезијата на Шопов за изданието на книгата Во личен избор (Anthologie personnelle) објавен во колекцијата Репрезентативни дела на УНЕСКО во 1994 год.

Поетската потрага на Ацо Шопов ги надминува географските и историските граници”, пишува Јасмина Шопова во предговорот на книгата. Таа истовремено го влече поетот колку кон неговите лични понори толку кон исконските времиња на светот. Таа ги обединува во едно исто интимно искуство, доживувањата на поетот, судбината на неговата земја и  заедничката судбина на човештвото.”

Податоци за промоцијата на оваа книга во Скопје се достапни тука.
Податоци за промоцијата на оваа книга во Париз се достапни тука