This post is also available in: Macedonian French Spanish German Russian English

Ацо Шопов: Небиднина, Скопје, Кочо Рацин, 1963

Translation in progress

Ацо Шопов, Небиднина, прво издание, 1963

Ацо Шопов, Небиднина, прво издание, 1963. Пристап кон содржината на збирката.

Повторни изданија: 1967, 1970, 1971, 1974, 1976.

„Мојата најнова збирка поезија што ја подготвив за печат носи наслов Небиднина. Во превод, тоа отприлика би можело да значи нешто што е невозможно, нешто што нема да се оствари”, изјавува Ацо Шопов во телевизиската емисија „Панорама” (16.1.1962). Со овој наслов, објаснува Шопов, „сакав да истакнам еден парадокс: поезијата, колку и да ја сфаќаме и остваруваме како нешто есенцијално, како нешто повеќе од она што обично го подразбираме под поимот живот и неговите различни манифестации, сепак, и во својот најсоврешен вид и во своите највисоки дострели, не е во состојба да ги опфати сето богатство и сета сложеност на тој поим.” (“тој поим” – se misli na životot)

Со други зборови, како што ќе забелжи Георги Старделов (1991 год.), небиднината е фундаментална метафора на поезијата на Шопов: „небиднината, во која се закопани како во длабока тишина сите тајни на егзистенцијата, останува егзистенцијална поетска опсесија. Таа како да е растопена во секој збор, во секоја слика, во целосноста на мисловната и емоционалната структура на секоја негова песна.”

„Обидот да се протолкува небиднината е рамен на обид да се влезе во искушително пустоловство”, пишува Катица Ќулавкова (1983 год.), додека според Александар Прокопиев, небиднина е „исчекор во јазикот, излет што извира од внатрешната магиска способност на поезијата да го именува неименуваното”.

Од 1963 година наваму, големиот број толкувања на зборот, песната и збирката Небиднина несомнено многу придонесоа за одгатнувањето на тоа нешто („небиднинско”) во човекот што Шопов интуитивно го чувствувал а кое дотогаш немало име. „Изгледа”, како што вели Душко Наневски во поговорот на изданието на Небиднина од 1970 година, „токму тој го донесе она што го бараа многумина: го идентификува трагичното чувство на небиднината како димензија на нашето постоење [и] ѝ даде еден судбински амблем на нашата модерна поезија”.

Пристап кон содржината на збирката