This post is also available in: French Spanish German Russian English Albanian Bulgarian

Ацо Шопов: Раждане на словото (Раѓање на зборот), подбор и превод на Роман Кисьов. Авангард принт, Русе, 2013.

Избор од поезијата на Ацо Шопов, на бугарски јазик, во препев на Роман Кисјов, Авангард принт, Русе, 2013Станува збор за прв препев на избор од поезијата на Ацо Шопов на бугарски јазик, објавен по повод прославата на 90 годишнината од неговото раѓање (Штип, 20.12.1923). На промоцијата на книгата што се одржа во КИЦ на Република Македонија во Софија,  Роман Кисјов го забележа следново: „Поезијата на Ацо Шопов одамна е позната во Европа и во светот. Препеана е на најголемите светски јазици и продолжува да се препејува… Но во Бугарија досега остана непозната, освен за еден мошне тесен круг поети и специјалисти. Донекаде тоа и не е толку чудно кога се има предвид дека до пред петнаесетина години македонската литература воопшто не беше позната кај нас, ниту се објавуваше, ниту се зборуваше за неа… Истото важеше и за современата бугарска литература во Република Македонија. Но во текот на изминативе неколку години сепак ваквата ситуација почна да се менува. Почнаа првите обиди да се рушат ѕидовите што политиката долги години ги ѕидаше (а и денес продолжава да ги ѕида) со цел да нè раздели. И покрај сè, благодарение на поетите, писателите и издавачите, и од двете страни, процесот на меѓусебно запознавање стана постојан и неповратен… Во Бугарија излегоа десетици книги на македонски автори, претежно поети (што се должи на високото ниво на современата македонска поезија). А поезијата на Ацо Шопов – неоспорен класик на македонската поезија -, некако необјасниво остана непозната за бугарскиот читател.” (Прочитајте го предговорот на книгата во целост).

Содржината на книгата е достапна на бугарската верзија на оваа страница.

Повеќе податоци за промоцијата на оваа книга во Софија се достапни тука.