Слеј се со тишината – Zlij se s tišino

Бистрица Миркуловска

Бистрица Миркуловска, македонска писателка

Македонско-словенечките врски претставуваат суштествен дел во историјата на Македонија и во историјата на Словенија. Во подрачјето на културата значајно место заземаат книжевните врски.¹

Традициите создадени во минатото, заедничката HOB и Револуција, натамошниот развој во заедничка татковина за Македонија и Словенија отворија вонредно интензивна двонасочна комуникација. Веќе во 1948 година во Словенија е печатена убаво опремена антологија на македонската поезија – Makedonska poezija² . Bo предговорот проф. Фран Петре зборува за историско-културната положба на Македонците, вековната борба за самобитност, во вонредно тешки услови негување на книжевното наследство. Словенечкиот читател добива можност за прв пат да ce запознае со поезијата на народот кој вековно борејќи ce творел и во судбоносниот миг си ја извојувал слободата и правото да кодифицира сопствен книжевен јазик – најмлад во семејството на словенските книжевни јазици.

Во антологијата на македонската поезија застапени ce поетите: Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Коста Рацин, Венко Марковски, Коле Неделковски, Мите Богоевски, Блаже Коневски, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гого Ивановски и Лазо Каровски. Важно е да ce напомене дека во овој преведувачки потфат беа вклучени тогаш познати словенечки поети: Отон Жупанчич, Миле Клопчич, Иго Груден, Јоже Удович, Лили Нови, Фран Албрехт, Богомил Фатур и Цене Випотник.

Ацо Шопов е претставен со познатата, веќе високо вреднуваната песна „Очи“ и „Истранка“ – мотив од младинската пруга и двете во поетски превод од Богомил Фатур. Во времето речиси непосредно по војната, овие искрени стихови за загубата на девојка-борец и херој на словенечки јазик прозвучеа со трагичното величие на жртвувањето во борбата за Слобода на Татковината:

Tri dni na rokah smo nosili te zbrano,
tri dni – in V očeh nam je tuga ticala,
in kapqa za kapqo je širila rano,
na dušo kot oglje žareče curljala.

Сметам, интересно e да ce напомене дека оваа антологиска песна на Шопов ја преведе и Иван Минати, поет, вљубеник во Рацина и во современата македонска поезија, виртуоз кој длабоко навлегол во разрешувањето на проблемите во поетскиот превод од македонски на словенечки јазик. Двата превода претставуваа предизвик, cè уште негибнат од теоријата и практиката на поетскиот превод.

Втората творба – „Истранка“ – претставува запис за цврсто сплотен градителски елан на младата генерација. Во форма на две писма: мајката пишува на ќерка си, моме – борец за слободна Истра, градител на Младинската пруга Брчко-Бановиќи во Босна, додека во нејзиниот роден крај уште ce водат крвави пресметки во кои загинуваат таткото, братот и сестрата. Во одговорот на момето зрачи силен оптимизам, светла иднина што ја надвладува тагата и темнијата на смртта. И за ова пее поетот Ацо Шопов, Македонец, на македонски јазик, a низ поетскиот превод станува своина и на словенечкото јазично подрачје.

Mati moja tužna, sredi Bosne drage,
so nas poškropile vaše smrtne srage,
a nad domovino se mladost razcveta:
V njeno se naročje vrneš, Istra sveta?

Bo предговорот кон Антологијата, проф. Фран Петре поетите Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шоpов, Гого Ивановски и Лазо Каровски ги именува „нова македонска поетска генерација” – заедно со народот, тие ce борци за слобода, таа борба е длабока инспирација за нивното поетско творештво, што е очигледно од тематиката во нивните први поетски збирки, ги здружува единствено чувство – восхит кон слободната татковина и нејзината изградба; меѓутоа секој од нив успеал да сочува сопствена поетска индивидуалност. Токму таа индивидуалност натаму ќе ce развива во нови квалитети³, при што мошне важно место зазема поезијата на Ацо Шопов.

Димитар Митрев ќе рече⁴: „Стихозбирката на Ацо Шопов Слеј ce со тишината несомнено докажува дека развојниот опус на поетот е поставен во линија на нагорност, дека точката што ја достигнува со овие песни е на многу висок степен од сите досегашни негови збирки. Во тоа сум убеден, убеден сум во местото што го зазема во нашата современа поезија, a знаеме дека тоа место е прелно исклучиво поради самите литературни достоинства на неговата поезија и во случајот на оваа најнова збирка, Ацо Шопов е целосно при својата изразита лирска индивидуалност и ceгa е со интензитетот на потполна непринуденост и потполна вистинитост – при оние квалитетни својствености со кои го отпочна својот пат во поезијата“. Новите квалитети во стихозбирката Слеј ce со тишината придонесоа многу брзо да биде преведена, целосно, од Иван Минати и во 1957 година печатена, односно објавена, како „прва стихозбирка од македонски на словенечки јазик“⁵.

Во предговорот кон стихозбирката проф. Фран Петре дава концизни биографски податоци за авторот и развојот до стихозбирката Слеј ce со тишината: „Околу 1950 година започна пробив на нови книжевно-теоретски погледи, особено меѓу помладата генерација. Карактеристично е тоа што патот не го отвори литературната критика, туку самата pоетска практика. Оваа промена ce одрази и во збирката на Шопов со симболичен наслов Слеј ce со тишината. Ha сопствениот развоен пат и развојниот пат на младата македонска поезија поетот дојде до сознание дека изворот на вистинската уметничка инспирација ce наоѓа во засилено индивидуално доживување. Наместо големи колективни идеи и движења, во преден план излегува интимното чувство, што човекот го открива низ непосредни, секојдневни односи. Во првите стихозбирки Шопов е борец и идеолог, a овие 34 песни ја откриваат неговата душевност. Co овие исповеди поетот тргна по патот на вистиската лирика“.

Bo договор co авторот, a co цел во словенечкото јазично подрачје да ce одржи континуитет со она што е веќе познато од првата антологија, од 1948 год. Слеј ce со тишината додадени ce два циклуса; I – „Oči“ со песните „Ljubezen“, „Oči“, „Sanjarenje ob bregu jezera“ на восхит кон херојската борба за ослободување на татковината, меѓутоа веќе ce наслутува поврзување на општото и интимното; и II “Razgovor s sinom“ со песните “Sanje, ki ne bodo umrle“, „Razgovor s sinom“, „Trepet“, „Ne ljubi me“, „Življenju naproti“: човекот-херој во борбата, станува осаменик, сонувач, туѓинец меѓу блиските, човек со пукнатини во љубовта и скршени семејни односи, неспокоен бегалец низ животот. Фран Петре смета дека во овие стихови е одразено поетовото животно искуство, или претставува далечен рефлекс на боемскиот лик од модерната поезија, меѓутоа, важно е дека настанала очигледна промена во современата македонска поезија, односно, pоетот ce свртува кон комплицираната душевност на совршениор човек, a во што Фран Петре го гледа стремежот на македонската лирика, поезијата на Ацо Шопов, да ce вклучи во европските токови.

Тоа е мигот во кој македонскиот поет прозборува за она неизреченото, она универзалното што го притиска и pече човекот што е и скриено во длабока тишина, и вечна притаеност и вечно откривање. Поетот вели: „Најтешкото, a и најодговорното од гледна точка на поетската етика е да ce најде вистински израз за оние содржини и идеи кои поетот на свој и неповторлив начин сака да ни ги соопшти. Ако во тоа не успее, зборот ce претвора во лага – песната ce исчашува и излегува од своите глуждови“. И уште вели: „…мачен е патот до песната, до вистината. Тоа е еден долги сложен процес, зад кој стои и искуство, и доживување, и рефлексија (…) адекватниот поетски збор долго зрее во поетот…“)⁶

Содржината и идеите авторот ги соопштува на свој и неповторлив начин. Тоа е факт. Меѓутоа, непобитен факт е дека тие содржини и идеи претставуваат предизвик да ce прелеат во друго јазично подрачје, друг јазичен колектив да ce запознае со нив, да комуницира со нив. Поетот-преведувач Иван Минати, вљубеник во македонскиот поетски збор, и во Слеј ce со тишината неповториливото сака да го стори повториливо. He само со богато искуство и стрпливо Длабење во двата јазични система, туку и со вткајување на сопствени доживувања, сопствен афинитет кон оваа лирика, прави напори – да ce успее, песната да нe ce исчаши, да не излезе од своите глуждови, зборот да не ce претвори во лага.

Co двата додадени циклуса и циклусите „Убавината“, „Песни за пријателот“, „Минијатури“, со редоследот на песните исто како и во оригинал квантитативно тоа ce 36 наслови со 563 стиха.

Прозодиските разлики во системите на двата јазика – особено третoсложниот акцент во македонскиот јазик и мошне сложен акцентски систем во словенечкиот јазик, како и разлики на морфосинтаксичко ниво⁷ од поетот преведувач бара стрплива работа со цел да ce намалат, колку е можно, отстапувањата од оригиналниот текст. Општо земено ова може да ce согледа веќе со споредување на насловите: разлика во местото на акцентот, членот кај именските зборови, отсуство на деклинацијата, a во лексиката сличност и разлики во семантичката вредност на зборот. На пример: „Очи” – „Oči”, „Љубов” – „Ljubezen”, „Разговор со синот” – „Razgovor s sinom”, „Bo тишина” – „V tišini”, „Младост” – „Mladost”, „Убавината” – „Lepota”, „Кон галебот што кружи над мојата глава” – „Galebu, ki mi kroži nad glavo”, „Го барам својот глас” – „Iščem svoj glas”, „Верглата” – „Lajna”.

Овие неколку примери укажуваат глобално на сличностите и разликите, меѓутоа, треба да ce има предвид дека ова е мошне комплексен проблем кога треба да ce усогласи во текстот, односно, во стихот што најчесто ce наоѓа во границите на реченицата: членот, удвоен предмет, аналитско искажување на падежните односи го зголемуваат бројот на слоговите во стихот.

Новите содржини во стихозбирката Слеј се со тишината најчесто поетот ги искажува со изосилабични стихови, со катрени, со рима а/б/а/б или а/б/б/а. На пример, во песната „Убавината“:

Me прогони како жена блудна, (10) a
ненаситна, похотна, осамена (П) б
Me грабнува во прегратка пламена (11) б
неизбежно и со сила судна. (10) a

Lepota

Tako je z njo kot z ženo blodno(9) a
Vsiljivo, nenasitno in pohotno:(11) b
V zlovešči svoj objem lovi zlohotno(11) b
močjo neustavljivo in usodno.(ll) a

Bo поетскиот превод постои тенденција да ce одржи изосилабизмот, меѓутоа Иван Минати не му ce потчинува, туку ce труди да го задржи ритамот во стихот и ритам со што го обезбедува акустичкиот ефект.

Да ce задржиме на римата⁸. Ацо Шопов ја почитува и негува традицијата, што новите содржини имаат звучење карактеристично за македонската поезија дактилска рима, зборови со антепенултимен акцент во крајната позиција реализира приближно 45%. Kaj тросложни и повеќесложни зборови антепенултимниот иктус е норма во македонскиот јазик, и понатаму, секој двосложен збор кога е членуван, реализира антепенултимен иктус, дактилска рима, што во Слеј се со тишината е приближно 28 насто од сите употребени дактилски рими.

Во словенечкиот јазик мошне ce ограничени лексемите со антепенултимен акцент⁹. На пример: dèklica, jezero, umiranje, iztrgano. Kaj зборови co неподвижен пенултимен акцент со падежната наставка ce обезбедува антепенултимата: bodočnost – bodočnosti, resničnost – resničnosti. Трисложни или повеќесложни зборови можат да ce co пенултимен или ултимен акцент, на пример: mirovanje/julranje, rotenje/šumenje, што обезбедува трохејска рима, или okamenî/razzeleni – обезбедува јамбска рима, од типот čas/obraz.

Преводот на песната „Лов на езеро“, „Lov na jezeni“, е пример како со стрпливо барање на лексичките елементи може целосно да ce обезбеди дактилска рима, при што функционира согласно со содржината, со перфектна милозвучност, дури и со обезбедување на крајниот вокал: во првиот катрен (а), во вториот (о) a во третиот (е).

Птица устремена. Стрвнина.
Исправен нор со закана
Глуне езерската поврвнина,
модра ко тага исплакана.

Темниот удар на крилото
темно ја сече модрината.
Блеснува на студенилото
рибата в клунот раскината.

Ptica na preži. Lakota.
Čaplja negibna, sklonjena.
Nina glad i na jezerska,
modra ko žalost izjokana.

Udar perutnic neusmiljeno
pljusne v modrino stišano.
V kljunu zablisnc srebrnkasto
vitko telo raztrgano.

За да обезбеди дактилска рима Минати ja применува и постапката што прв ја употребил Отон Жупанчич, преведувајќи ги македонските народни песни (во Антологијата од 1948 година), создавање акцентски целини од клитики, образување акцентски целини со полнозначни зборови со зајакнување на акцентот врз препозитивниот збор. На пример, ова да го илустрираме со римите во песната „Излези“. Во оригиналот е како што следува: ранина/планина, милува/раскрилува, понесе/донесе, ранина/планина, свежина/тежина. Еве како Минати успешно го разрешува проблемот: noč zblediljutranji poboža te/utrne se, silna dlan/rastoči dan, noč zbledi/jutranji zaplala kri/žalosti. Како и во оригиналот римите од првиот и вториот стих ce повторуваат во седмиот и осмиот стих.

Прозодиските сличности и разлики, секако, ce присутни и во рамките на стихот во низата од елементи – зборови – што освен ритмичката страна нужно треба да ја задоволат и содржинската страна, односно, јасно да ја предадат пораката што ја носи оригиналниот текст. Зборот да не ce изневери, да не стане лага – како што рекол поетот. A при тоа во јазичното подрачје во кое ce пренесува да ce почувствува душевноста на оригиналот, тоа слевање со тишината за која што Димитар Митрев вели: „…Самиот наслов на збирката Слеј ce со тишината дејствува донекаде како акцент на усамемост, на затвореност, некако премногу заклучено во себе. Но, каква е таа усаменост, кон што води таа: никако не води кон себеизолираност. Најсубјективните песни во збирката и особено циклусот „Убавината“ со кој почнува збирката – ce потврда, најсилна потврда за тоа“.

Минати, во сопствената душевност и самиот лиричар, несомнено длабоко го чувствува тој говор на тишината што можел токму така да го прелеe општочовечки лирски миг од македонскиот во словенечкиот јазик:

Če nosiš v sebi zamolčano besedo,
besedo, ki žge in te bi žgala,
jo skrij, zakoplji v globoko tišino:
tišina jo sama bo izdala.

Нешто неизречено e конкретизирано во zamolčana beseda премолчен неизречен збор, што произлегува од глаголот рече – тишината сама ќе го рече. Покрај закоpај во преводот е употребен и императивот skrij co што ce зајакнува ефектот на откривањето.

И понатаму, особено во стиховите на песните „Го барам својот глас“, „Кон галебот што кружи над мојата глава“ поетот-преведувач успешно ја следи пораката за молкот, пораката за виделината, за вечноста – разбранетото море – небаре го има предвид искажувањето на Димитар Митрев дека разговорите во тишината и со тишината ce само паузи во текот на едно бујно, на едно импулсивно, виталистичко, преокупирано трагање по животот и живеењето.

V divjem molčanju morja iščem svoj glas
morje okameni.

Co извршената инверзија во стихот, не е загубен интензитетот на почетокот на стихот во оригиналот, зашто во словенечката синтакса подеднаква јачина има и почетокот на крајот на реченицата.

Метафората на галебот – вековен порив на човекот кон виделината, кон животот, кон светлината (splavaj nad vse višine/ in daj mi, daj mi luči! Galeb moj, jaz nimam oči!) ja следи и во мигот на смирувањето на заморот, кога ќе речe: ko tvoja perut nad njimi utrujena kroži/ moje srce v njih nemirno toži. Меѓутоа, во последниот стих, Минати како да го губи здивот. Шопов вели „Јас сум лотка осудена на судир со непознатото”, што е всушност нов животен предизвик, љубопитство, акција, a Минати – „Kaz sem čoln, ki mu sojeno je/ da mora sam ostati”. Судбински определена самотија и статичност.

Критичарите рекле дека пејсажот кај Шопов во стихозбирката Слеј ce co тишината не е декоративно освежување на лирскиот звук, не е самоцелно помошно средство, туку претставува вплетување на човековиот неспокој во динамиката на обичното и природното, на минијатурното и едноставното. Колку е успешен преведувачот да проследиме низ стиховите:

На езеро 

Ледено спокојство. Езерска шир
Тишина. Скаменет мир.

Na jezeru

Ledena spokojnosl. Jezerska šir.
Tišina. Okamenel mir.

Ќе речеме – перфектно. Понатаму во височината, во сончевината две птици кои ce капат во преводот ce конкретизирани два лебеда – laboda – употребена е двоината, карактеристична за словенечкиот јазик:

Le tam v višavi,
se v sončni bleščavi
kopljeta laboda.

Strastno se poigravata,
nad ločjem se spreletavata,
dokler ne zamre luč zahoda.

Двоината е употребена и во последниот катрен од песната „Лов на езеро“ („Lov na jezeru“)

Dan je siv ko umiranje.
Sama sva. Tiha, razmišljena,
vse bolj in bolj umirjena  –
slutiva, da se razhajava.

За минијатурните „Облак“, „Лист“ и „Штрк“ – „Oblak“, „List“, „Štrk“ – може да речеме дека ce мошне усpешни поетски преводи, поточно, лирски варијации на тема отпор кон умирањето – така силно инспиративен што поетот Минати не успеа да ce повлече во заден план, туку интервенира во текстот, во пораката: sam, ko kаk nesrečen lik,/ med ljudmi in soncem potuje, metulj frfota, škrlatno žarenje,… Le grd sen se m u zdi/snežinke poljub ledeni.

Kaj Шопов облакот – Сам како некој нестварен лик / меѓу луѓето и сонцето стои. Листот е жолта пеперуга што лебдее во воздухот. Штркот – Ѕемне… и мисли дека е сон/ првата снегулка што го милува.

Има стихови што како сентенции навлегуваат во словенечкото јазично подрачје, како на пример:

– Cè што гасне, cè в зеница сјае
– Kar je ugasnilo v zenicah zasije;

– Цветот – свет e, a ти – крв и рана.
– Cvet je svet, ti pa si kri in rana.

–Ноќта e заборав, заборавот успивање.
– Noč je pozaba, pozaba pomirjenje.

Песната, стихот, зборот живее во една нова јазична средина, носејќи ги пораките на поетот Ацо Шопов.¹⁰ Поетот-преведувач Иван Минати успеал песната да не ce ишчаши, да не излезе од своите глуждови.
__________________

1. Христо Андонов Полјански, Македонија и Словенија, меѓусебни врски во минатото, Култура. Скопје 1978 год.

2. Makedonska poezija, Ljubljana 1948 (Uredil in uvod napisal Fran Petre)

3. За ова словенечкиот читател ce запознава од Sobodna makedonska poezija,DZS, Ljubljana, 1963, Poslovenil Ivan Minatti. Александар Спасов во предговорот укажува на забрзано насочување кон интимна сфера, барање на порафинирани изрази и стремеж за поголемо култивирање на формата; Шопов Стихови за маката и радоста, Слеј се со тишината (1952, 1955)

4 Ацо Шопов Слеј ce со тишината, Кочо Рацин, Скопје 1955, Димитар Митрев

5 Асо Šopov, Zlij se s tišino, Ljubljana, Državna Založba Slovenija, 1957, Prevedel Ivan Minatti, spremna beseda „Makedonski pesnik“ Fran Petre

6. Ацо Шопов, во „Блиски средби“, Тамара Арсовска, Скопје 1992

7. Б. Миркуловска, „Јазичните проблеми во поетскиот превод од македонски на словенечки јазик и од словенечки на македонски јазик“, магистерски труд, Филозофски факултет Скопје,

8. Жирмунский, Рифма, Петровград 1923 (ново издание 1970/71)

9. Isačenko, Slovenski verzi. Akademska založba, Ljubljana, 1939. Исаченко пресметал дека дактилски зборови од типот деклица во словенечката поезија на 1000 зборови ги има само 3,4 насто така што за образување на дактилска стапка, која природно му одговара на ангепенултимниот акцент во македонскиот јазик, во словенечкиот јазик бара комбинации од пенултимми зборови и клитики.

10. Во 1963 година е објавена антологијата на современата македонска поезија – Sadobna makedonska poezija, DZS, Lj.1963, poslovenil Ivan Minatti квантитативно како што следува. Славко Јаневски (9), Блаже Конески (13), Ацо Шопов (10), Гого Ивановски (8), Србо Ивановски (9), Гане Тодоровски (10), Матеја Матевски (9), Цане Андреевски (7), Анте Поповски (5), Влада Урошевиќ (6), Радован Павловски (5) – единаесет автори со 91 наслов. Од десете наслови кај Шопов пет се од стихозбирката Слеј се со тишината – „Sprememba“, „O, kakšna lepota“, „Iščem svoj glas“, „Na jezeru“, „Lov na jezeru“.
__________________
* Слеј се со тишината – Zlij se s tišino, во Творештвото на Ацо Шопов: симпозиум по повод 70-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов.- Скопје: Филолошки факултет – Институт за македонска литература, 1993.– стр. 104-113.