This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Ацо Шопов: Јус-универзум*

Ракопис на песната Јус-откупување

Сретен Перовиќ

Познатиот македонски и југословенски лирик Ацо Шопов во оваа книга се нафаќа на необична работа – во стихови да ги изрази, се разбира на сатиричен начин, многубројните јус-стандарди на нашиот живот. Темите се различни: јус-криричар, јус-прозаист, јус-сценарист, јус-политичар, јус-догматичар, јус-рекламерство, јус-миткање, јус-солидарност, јус-вреднување и така натаму.

На прв поглед изгледа чудно што еден така изразит лирик се обидува сите тие  “теми” и “темички” да ги смести во еден циклус на хумористично посматрање, да го согледа животот и од онаа комична  или дури, наместа, трагикомична страна. Но кога ќе се прочита оваа книга, тоа не само што веќе не ни изгледа чудно, туку дури се чудиме што Шопов досега не се занимавал во овој вид поезија (или можеби се занимавал, но тоа нам не ни е познато).

Во “Јус-откупување” Шопов констатира:

За пари можеш да се откупиш од ропство ако си роб,
за пари можеш да ја менуваш својата вера,
можеш да си подигнеш споменик на својот сопствен гроб
или да присвоиш некоја ривиера.

и на крајот:

Сегашниот законик е формален и крут,
бараме правото на труд да се замени со право на трут.

Интересно би било оваа збирка сатирични афоризми во поетска форма, кои претставуваат  социолошко-психолошки пројекции на нашето време, нашите читатели да можат да ја видат во целост на српскохрватски јазик. Личноста на Ацо Шопов со неа е осветлена на еден нов начин.

__________________
* Оригиналниот текст на српскохрватски „Ацо Шопов: Јус-универзум“ е објавен во Стварање, 1969, XXIV, 4, стр. 508-509
__________________

За сатиричната поезија на Шопов, прочитајте ги исто така: