Aцо Шопов во српската и црногорската книжевна средина*

Јасмина Мојсиева-Гушева

Во своето излагање на Симопзиумот „Творештвото на Ацо Шопов” одржан на 13.05.1993 година, Јасмина Мојсиева-Гушева се осврнува на одекот на творештвото на Ацо Шопов во српската и црногорската книжевна сцена, во периодот од 1944 до 1990 година. Извадоци.

work in progress

[На 19.V.] 1950, Димитар Митрев објавува, во Књижевне новине од Белград, критика за збирката Ha Грамос, со која за првпат на српската книжевна публика ѝ ce претставува Ацо Шопов. Песната „Во родната куќа“ [Стихови за маката и радоста, 1952] објавена во Књижевне новине истата година е прва негова објавена песна во српските книжевни списанија.

Во 1951 година Шопов [влегува] во Антологијата на македонската лирика, во избор на Димитар Митрев [редактори Димитар Митрев и Блаже Конески], која на српскохрватски јазик ја објавува Југословенска књига од Белград. Две негови песни ќе бидат печатени во белградските Политика и Борба.

Во 1952 година, седум песни на Шопов се објавени во белградските списанија Књижевне новине, 7 уметности, Борба, Жена данас и НИН.

Во 1954 година, покрај преводот на три негови песни на овие простори, ќе биде објавен напис на Томе Момировски во белградска Омладина [„Три претставника нове македонске књижевности”, 14.IV 1954] за Ацо Шопов, Славко Јаневски и Димитар Митрев. Под наслов „Процват и успон“, Шопов ќе пишува за десетгодишниот развиток на македонската книжевност во белградска Политика

По повод збирката песни Слеј ce со тишината, критичарот  Ѓурчинов во НИН ќе ја публикува истоимената статија [бр. 273, Београд, 25 март 1956]. Во белградските весници Политика, Омладина и Млада култура истата година ќе бидат објавени разговори со Ацо Шопов. [Исто така, Димитар Солев објавува напис под наслов „Ацо Шопов: Слеј се со тишината” во белградско Дело, II/ 4, стр. 483-487, а Димитар Митрев, напис со истиот наслов, во белградското списание Савременик, бр. 9,  стр. 300].

Во 1957 година ќе излезе од печат збирката Ветрот носи убаво време од која две песни ќе бидат преведени на српскохрватски јазик и објавени во Летопис матице српске, Нови Сад, и Књижевне новине, Белград.

Во 1958 година го бележиме само искажувањето на Јован Бошковски за современата македонска поезија во белградска Политика под наслов „Реч о револуцији“.

Во 1959 година во Књижевне новине, Димитар Митрев ќе пишува за „Повоените македонски поети“, а во НИН, Савременик и Књижевне новине ќе бидат преведени три песни на Шопов.

Од 1960 година започнува поинтензивното присуство на Шопов во српско-црногорската книжевна средина. Во оваа година Шопов ќе разговара со соработниците на весниците Политика и Багдала на тема „Што да преведуваме“. Истата година Димитар Митрев ја објавува двојазичната антологија Послератни македонски пјесници1 во издание на „Кочо Рацин“, Скопје, за која Сретен Перовиќ ќе ce огласи во цетињското списание Сусрети [песни објавени во антологијата: Oči ; Razgovor sa sinom ; Ne ljubi me ; Ah ta ljepota ; U tišin ; Galebu koji kruži nad mojom glavom ; Pjesma ; Lov na jezeru ; Sasvim nalik na sve obale ; U svakom gradu ; Vjetar nosi lijepo vrijeme ; Molitva za jednu običnu no još nepronađenu riječ ; Druga molitva moga tijela ; Treća molitva moga tijela ; Četvrta molitva moga tijela]. Во книжевните списанија Књижевне новине и Народна армија, Белград, Багдала, Крушевац, и Сусрети, Цетиње, ќе биде објавена по една песна од творештвото на Шопов.

Во избор на А. Спасов, М. Ѓурчинов, Д. Солев, издавачката куќа „Нолит“ од Белград во 1961 година ќе ја издаде Антологијата на современата македонска поезија и проза. По тој повод Ивко Јовановиќ и Милош Бандиќ во Борба и Политика ќе напишат статии. Влада Урошевиќ во статијата „Преиспитивање традиције“ објавена во Багдала, Крушевац, ќе зборува за современата македонска поезија. 

Во 1962 година ќе печати неколку негови песни, a Политика ќе ја објави песната „Лузна“. Критичарот Boja Илијашевиќ во Ревија истата година ќе ја објави статијата „Узлазна линија y поетском кретању Аце Шопова“. 

Во 1963 година на српскохрватски јазик ќе ce појават „Рађање речи“, „Ветар носи лепо време“, „Молитва за обичну но још непронађену реч“ и други песни во Књижевне новине, Стварање, Борба и Политика.

Во 1964 година Књижевне новине ќе ја објават песната „Ожиљак“ во превод на Радивоје Пешиќ, a песната „Лов на језеро“ ќе биде објавена во детското списание Пионир. Истата година Влада Урошевиќ во НИН со датум 05.04. ќе ја објави својата статија за современата македонска поезија со наслов „Успостављање рамнотеже“ и песната „Пета молитва мога тела“ во сопствен превод. 

Во 1965 година ќе бидат печатени „Лузна“, „Езеро“ и некои други песни во Борба, Београдска недеља и Стремљења од Приштина.

19662 година ќе мине во знакот на збирката поезија Предвечерје која ќе ја објави „Графички завод“, Титоград. Критичарите Драгутин Вујановиќ [Титоград, Стварање, XXI, 6, стр. 674-677], Бранко Јовановиќ, Мирко Милорадовиќ, Милосав Мирковиќ [Београд: Дело, XII/4, стр. 624-625], Сретен Перовиќ [Титоград, Стварање, XXI, 1, стр. 129-130], Богдан Поповиќ [Београд, Књижевне новине, 19 март], Миодраг Рацковиќ [Beograd, Savremenik, бр. 8-9, стр. 235], Николај Тимченко [Београд, Књижевност, бр. 10, стр. 325] и Михајло Храпањ [Нови Сад, Летопис Матице Српске, св. 6, стр. 608] ќе го одбележат овој настан објавувајќи критики во српски и црногорски весници и списанија.

[Во 1967 година, за истата книга], Душко Наневски ќе објави критика во Руковет од Суботица  [бр. 1, стр. 64]. Основен белег на 1967 година ќе остави антологијата Савремена македонска позија двојазично издание на „Српска књижевна задруга“ од Белград каде ce сместени пет антологиски песни на Шопов во избор на Александар Спасов, кој во НИН ќе даде оценка за значењето на оваа антологија. Сретен Перовиќ под наслов „Нове књиге“ ќе го одбележи излегувањето на книгата на Шопов Рађање ријечи3 (Sic.), во титоградско Стварање. Во препев на истиот автор во Књижевне овине ќе биде објавена песната „Постоји доле једна крв“, a во превод на Миодраг Друговац во суботички Руковет ќе биде објавена песнага „Треба да будемо бољи“. Радивоје Пешиќ на страниците на Културен живот од Скопје ќе даде портрет и опширен поглед за творештвото на Шопов [XI, 7, стр. 18-20].

19684 година е оскудна во преведувањето на поезија на Шопов во српско-црногорските книжевни списанија. Но, таа ќе најде свое место во Антологија македонске поезије [„Просвета”, Белград] составена од Милан Ѓурчинов, a во превод на Влада Урошевиќ. 

[Во 1969 година5], по повод излегувањето на збирката на Шопов Златен круг на времето, Миодраг Друговац ќе објави статија во титоградско Стварање [„Стално на успону”, XXIV, 9, стр. 1077-1087], Перовиќ Сретен во истото списание ќе го одбележи излегувањето на Јус-универзум [XXIV, 4, стр. 508-509] и на Изборот од поезијата на Шопов [приреден од страна на Старделов и] издаден во „Македонска книга“ во 1968 година [XXIV, 3, стр. 313-314].

Николај Тимченко и Милош Бандиќ по повод објавената Антологија на македонската поезија [1968], во Градина, Ниш, и Матица српска, таа 1969 година ќе објават свои критички согледувања.

[Истата година] Ацо Шопов, во Рад, Белград, ќе даде интервју под наслов „Бити и остати веран себи”. Во Борба и Политика ќе даде уште две интервјуа во својство на член на Советот на традиционалниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Со неколку песни ќе биде застапен и во антологијата на револуционерната поезија Кроз тмине и зоре објавена во Рад, Белград [Kroz tmine i zore / sastavili Vlado Strugar i Božo Bulatović].

Во 19706 година, Друговац ќе објави статија за Гледач во пепелта [„Шта је бескрај у човеку: поводом нове збирке стихова Аце Шопова”, изд. Македонска књига, Скопље. — Политика, бр. 20425, (15)17.VIII 1970]. Истиот критичар во крушевачката [издавачка куќа] Багдала ќе објави статија со наслов „Умјетник песме Ацо Шопов“4 [во книгата Biographia lіtteraria, стр. 70-90].

Истата година Шопов ќе му даде интервју на Миодраг Друговац кое ќе биде објавено во Књижевне новине [„Песната е свест за постојано менливата стварност”, јули 1970 год.]

Во 1971 година бележиме пад на интересот за Шопов. Во оваа година тој ќе даде само едно интервју за НИН, а во плевљанското списание Мостови ќе излезе една негова песна.

Следната 1972 година ќе бидат објавени песните „Коб“ и „Постоји доле једна крв“ во списанијата 4 Jул [новине Савеза бораца Југославије, Београд] и Градина, Ниш.

Во 1973 година, Шопов ќе биде предмет на многу книжевни разговори, анкети, интервјуи. Ќе одговара на политикината анкета „Ko je на вас пресудно утицао и зашто“ [„Поезијата го открива светот”, 15.02.1976, стр 17]. Стварање од Титоград во „Панорама савремене македонске поезије“ ќе ги објави песните „Дуго живим y овом месту“ и „Ожиљак“. 

Во 1974 година во Србија ce случуваат два значајни настана за афирмација на македонската поезија. Излегува двојазичната збирка поезија Песме од Ацо Шопов во издание на „Народна књига“ од Белград, во препев на Сретен Перовиќ, изборот го направи Георги Старделов кој е автор и на предговорот “Поетското искуство на Шопов“.

Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која ce одржува од 23 до 27 септември во Белград, во организација на „Народна библиотека Србије“, издаден е антологиски избор од новата македонска поезија [издание на Народна и Универзитетска библиотека „Климент Охридски”],Четири песничка круга [македонска поезија со напорден препев на српскохрватски јазик], за кој Георги Старделов во Политика ќе даде краток коментар.

Књижевне новине ќе ја објави статијата од Александар Петров „Савремена македонска поезија“. Сретен Перовиќ во Современост објавува статија „Интимниот свет на Ацо Шопов“, a Миодраг Друговац во Борба пишува за Антологијата на македонската револуционерна поезија [составувач Димитар Митрев], објавена во Скопје [Наша книга, 1974].

Ce појавуваат повеќе песни на Шопов во книжевните списанија Мостови, 4 Јул и Књижевне новине. 

Во 1975 година Славко Калезиќ и Миливоје Марковиќ ќе ce осврнат врз збирката Песни на Шопов во издание на “Народна књига” [1974]. Истото ова ќе го направи и Радомир Ивановиќ во Нова Македонија. Toj ќе даде и краток осврт врз поезијата на Шопов, Конески, Котевски и Павловски во Разгледи под наслов „Лирски портрети“ [„Откривање убавината : запис за поезијата на Ацо Шопов”, XVII, 1-2, стр. 112-126]

Во оваа година ќе излезе од печат и книгата на Радомир Ивановиќ Портрети македонских писаца, во издание на „Обод“, Цетиње, во која тој ce осврнува врз творештвото на Шопов. Во книгата Поезија и критика [Недељко] Мијушковиќ и Слободан Филимоновиќ зборуваат и за поезијата на Шопов [Београд: Нова књига, 1975]. Списанијата Дисов гласник, од Чачак, и Развиток, од Битола, ќе објават две песни од Шопов. 

Во 1976, излегувањето на неговата нова збирка поезија Песна на црната жена ќе биде одбележано од страна на Драшко Реѓеп, во Детињство од Нови Сад, Милан Ѓурчинов [во Политика: У наручју света] и Миодраг Друговац [во Борба, 20.XI 1976].

Миодраг Друговац во Борба [12.ІІ 1976] ќе го одбележи излегувањето на Одбраните дела во пет тома на поетот, во издание на „Мисла“, Радомир Ивановиќ и Војислав Илиќ [„Ацо Шопов — тишине и медитације” во Токови македонске књижевности] во Летопис матице српске, Нови Сад, и Јединство, Приштина, ќе објават студии посветени на Шопов.

Љубиша Станковиќ во прилепски Стремеж ќе објави статија со наслов „Српската критика за поезијата на Јаневски, Конески и Шопов“ [XX, 9, стр. 847-857].

Оваа година во антологискиот избор Поезија бунта и отпора објавена во „Просвета“ Белград ќе влезат и неколку песни на Шопов. Во белградското списание Књижевност и новосадското Летопис матице српске ќе бидат објавени неколку песни на Шопов. Неговата популарност во српско-црногорската книжевна средина ce огледа и во честите интервјуа што ги дава во дневните весници, како Борба и Младост. 

Што ce однесува за 1977 година, поетот е на врвот од својата слава. Таа година можеме да ја сметаме за една од најплодните и тоа ќе го документираме со следните факти. Наведуваме петнаесет референци: Ацо Шопов влегува во Антологијата на современата македонска поезија, подготвена од Димитар Димитров, a во превод на Р. Зоговиќ, Г. Јањушевиќ, Ц. Котевска, С. Перовиќ, издадена од „Матица српска“, Нови Сад.

Во антологиската збирка издадена од „Рад”, Белград, и „Наша книга”, Скопје, Човек и друг и вођа [Čovek, i drug, i vodja : pesme i prozni odlomci o Titu / [sastvili] Vladimir Jovičić, Blagoje Jastrebić] застапени ce песни и од Ацо Шопов.

Издавачката куќа „Рад“ од Белград ја печати збирката Дуго долажење огња во избор и превод на Сретен Перовиќ.

Во книжевните списанија Дионисов гласник, Градина, Руковет, Стварање, Дневник, Борба, Шопов објавува дваесетина свои песни во превод на Влада Урошевиќ, Драгица Спасовска, Сретен Перовиќ и Елена Елимова. Таа година Шопов во интервју објавено во Борба говори за најновата своја збирка Песна на црната жена настаната во Африка додека како амбасадор престојувал во Сенегал.

Од областа на критиката ги набројуваме текстовите „Самосвојни песнички гласови“ од Милан Ѓурчинов – Јединство Приштина и „Реалност песме“ од Миливоје Марковиќ во издание на Руковет од Суботица. 

За 1978 година треба да го споменеме издавањето на антологијата Савремена македонска поезија во избор на Р. Ивановиќ и Љ. Миличевиќ, „Одзиви“ Бијело Поље. Раде Николиќ во Стремљење, Приштина, ќе го одбележи излегувањето на оваа антологија. Додека пак Слободан Калезиќ и Радоје Радојевиќ ќе пишуваат за новосадската Антологија на совремната македонска поезија во титоградските списанија Стварање и Побједа

Од објавените критики ја споменуваме анализата за идејните и естетските значења на песната „Очи“ од Миодраг Другавац објаена во Стремљења, Приштина, и „Маргиналии за поезијата на Стеван Раичковиќ и Ацо Шoпoв“ од Христо Георгиевски, објавени во Књижевне новине [06.05.1978]. Таа година Шопов ќе објави пет свои песни во српските книжевни списанија Књижевне новине, Стремљења и Градац. [заб. бројот на објавените песни е поголем, затоа што само во белградското списание Дело се објавени пет песни на Шопов, во тематскиот број XXIV/4, 1978, стр. 25-28: Тражим свој глас, Језеро крај манастира, Ноћ над језером крај манастира, Ноћни извор, Жена у ивернажу]

Во 1979 година, скопското книгоиздавателство Мисла ќе ја отпечати книгата на Радомир Ивановиќ Портрети на македонските писатели, во која тој одделува простор и за творештвото на Шопов [Откривање на убавината, стр. 36-48]

Во 1980 година Борба [05.03.1980] ја печати песната „Муње изнад Шаре“. Во истиот весник Миодраг Друговац ќе објави критички осврт со наслов „Kyћa сна“ по повод збирката Дрво на ридот

Во 1981 година Бранко Цветковски во белградска Политика [30.05.1981] ќе го одбележи излегувањето на Дрво на ридот. Истата година во превод на Драгица Спасовска Политика ја печати песната „Седим сам са својим пламеном y грудима“. Цвета Котевска преведува неколку песни кои ги објавува Књижевне новине, a песната „Још једном црно сунце“ преведена од Оливера Шијачки е печатена во Руковет, Суботица. Бранка Кубеш е преведувач на уште неколку песни објавени во Багдала, Крушевац. 

Во годината на смртта на поетот, 1982, бројот на објавените критики и написи за Шопов ce зголемува. На 23.04.1982 година белградска Политика дава кратко соопштение за смртта на македонскиот поет Ацо Шопов. Следниот ден на страниците на истиот весник можеме да го проследиме прилогот на М. Ѓурчинов „Ацо Шопов – песник нове oceћajности“. Од бројот на Политика со датум 29.09.1982 добиваме информација дека Сојузот на писателите на Југославија организирал вечер посветена на Ацо Шопов на која говореле Радомир Ивановиќ и Радоица Таутовиќ.

Душко Наневски, Радован Павловски и Радоица Таутовиќ (28.08.1982) пишуваат за поезијата на Шопов во дневниот весник Борба.

Сретен Перовиќ по повод смртта на Ацо Шопов во титоградско Стварање објавува текст „In memoriam Асо Šopov 1923 -1982“. Книжевното списание Дело 74 од родниот град на поетот ќе посвети еден број на Шопов. Токму во тој број можеме да ги проследиме искажувањата на повеќе југословенски критичари: Д. Матиќ, Д. Максимовиќ, M. Р. Јовановиќ, Д. Реѓеп, С. Перовиќ, М. Милорадовиќ, Р. Таутовиќ, Д. Вујановиќ, М. Рацковиќ, Р. Војводиќ, М. Јевриќ и многу други, за делото на Шопов. Во истиот број ќе биде објавена песната на Јеврем Брковиќ „Телеграма до Ацо Шопов“. Шест негови песни ќе бидат објавени во српските и црногорските книжевни списанија. ***

* Податоците наведени во големи загради се додадени од редакцијата на Лирскиот дом на Ацо Шопов. Интегралниот оригинален текст на Јасмина Мојсиева-Гушева е достапен тука. Во него забележуваме меѓу другото две хронолошки грешки: Ацо Шопов е член на МАНУ од нејзиното основање, односно 1967 година, а наградата АВНОЈ,  ја добива во 1970 година.


1. Истата година, на 9 декември, Шопов го објавува на српскохрватски написот „Македонска савремена књижевност”, во Ослобођење [латиница].
2. На српскохрватски излегуваат исто така и следниве написи:
DRUGOVAC, Miodrag, „Kao most između dva brega“, Život, Sarajevo, br. 6, 1966.
DRUGOVAC, Miodrag: „Umjetnik pjesme“, Telegram, br. 338, Zagreb, 1966.
ТРИФКОВИЋ, Ристо: „Ацо Шопов: Предвечерје“, Ослобођење, бр. 6405, Сарајево, 3 април 1966, стр. 8.
3. П(ЕРОВИЋ), C(ретен): „Ацо Шопов: Рађање ријечи“, Стварање, бр. 3, Титоград, 1967, стр. 316 (По повод збирката Предвечерје, во препев на Сретен Перовиќ)
4. На српскохрватски излегува исто така и следниoв напис: REĐEP, Draško: „Poezija tela i prolaznosti“, Izraz, br. 12, Sarajevo, 1968, str. 546.
5. На српскохрватски излегува исто така и следниoв напис: REĐEP, Draško: Aco Šopov, Život, br. 5, Sarajevo, 1969, str. 3.
6. На српскохрватски излегува исто така и следниoв напис: REĐEP, Draško: Crno sunce Aca Šopova. — Izraz, XIV, 11, Sarajevo, 1970, str. 504-506.
7. Македонска верзија на текстот:  Уметник на песната