This post is also available in: Serbian

Шопов, една од најпривлечните фигури*

Душан Матић (1898–1980), српски песник и универзитетски професор

Душан Матиќ и Десанка Максимовиќ

Ацо Шопов е секако една од најпривлечните фигури во младата македонска поезија. Неговото име одамна ги има минато рамките на македонската литература. Тоа го покажуваат преводите на неговата поезија на српскохрватски, словенечки, унгарски и руски јазик, кои се појавија како збирки, а освен тоа многу негови песни се преведени и на други јазици.

Поезијата на Ацо Шопов, кога се знае во кои прилики и во кое време е пишувана, е истанчен и суптилен спој на борбеноста, нежноста на вонредниот македонски лиризам.

Десанка Максимовић (1898–1993), српска песникиња

Изразот на неговата поезија го покажува едновремено и богатството на македонскиот народен јазик и уметничкото збогатување на јазикот во македонската поезија. Една богата чувствителност, долго воздржана и спречувана, изби како понорница на површината на јавните поетски собири. Поетот Ацо Шопов мошне многу придонесе за таа неопходна литературна дејност.

Покрај својот поетски придонес, Ацо Шопов како литературен и културен работник придонесе и за развојот на преведувачката дејност, што и е неопходна на младата македонска книжевност. Во долгата листа на неговите препеви, треба особено да се подвлече неговиот извонреден препев на Шекспировиот Хамлет, Корнејовиот Сид, Басните на Крилов и Песните на Змај.
________________
* Од рефератот за прием на Ацо Шопов за дописен член на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), Вонредно собрание за прием на нови членови, 07.03.1968. Текстот е објавен во Дело 74, 1982, год IX, бр. 5-6.