Трибина на песната – Поетски вечери посветени на Ацо Шопов и Гане Тодоровски*

Ѓоргија Најдоски

Активноста на Центарот за култура и информации на град Скопје по следниве години е сѐ поевидентна. Придонесувајќи во збогатувањето на културниот живот во градот како по квантитетот така и по квалитетот на културните манифестации, Центарот успеа да создаде свој круг на посети тели коишто редовно ја следат неговата програма. Карактеристично за работата на овој Центар е организирањето на портрети за видни уметници, ликовно-поетски средби, комбинирани вечери (музка-поезија), драмски средбі, филм, музика и слични манифестации што според досегашните резултати се покажа дека е неопходно тие и понатаму да продолжат вакви како што се концепирани досега. За наредниот период, според програмата, се предвидува адаптирање посебна просторија за овој вид активност како и читална на целокупниот печат како во нашата земја така и за одбрани весници и списанија на другите земји и за оваа цел адаптацијата на просториите е во тек така што од септември се очекува нормално да се почне со работа.

Двете последни вечери коишто беа посветени на творештвото на Ацо Шопов и Гане Тодоровски (одделно), имавме можност да се запознаеме со моментните литературни преокупации на двата поета од нашата литература. Критичарот зборува за делото на авторот, авторот ја чувствува непријатноста поради сопственото присуство, посетителот е воодушевен што ги гледа пред себе и поетот и критичарот, кои и лично ги запознава. Аплаузите престануваат, следуват прашања и одговори на коишто авторот најмалку би сакал да зборува за сопствената личност и творештвото. Средбата со Шопов импонираше од една страна со скромноста на авторот, а од друга пак поради љубопитноста на посетителот. Портретот за творештвото на Гане Тодоровски под наслов „Горчливи голтки непремолк“ се чини дека е еден од најуспешните што досега го организирал Центарот.

И едната и другата манифестација зборуваат за потребата од ваквите контакти и колку читателот е заинтересиран за современата македонска литература, каков е неговиот интерес за нашата современост. Бројот на посетителите говори и за интересот и за љубопитноста.

Со оваа белешка сакавме само да ги регистрираме овие две манифестации на поезијата што оставија посебен впечаток.

__________________
Текстот е објавен во Трудбеник, 23.05.1970.