This post is also available in: Serbian

Симбол на нашиот свет

Миланка Илиќ, студент по стоматологија

”Песната е како партија шах”, пишува Миланка Илиќ, студент по стоматологија, повикана од редакцијата на Књижевне новине да одреагира на српскихрватстиот превод на песната „Грозомор” од Ацо Шопов.  Таа „има безброј можни интерпретации и варијанти кои водат до истата цел — да се победи играта, односно да се реши енигмата на исказот на поетот. Лошите играчи нема да успеат во тоа и ќе ја изгубат играта.

Сметајќи се за лош играч, сепак ќе се обидам да дадам моја интерпретација на песната ‘Грозомор’. Песната e, без сомнение, симболична. Ужасот е симбол на овој наш свет со сите негови радости и страдања, свет во кој сите се раѓаат и гаснат, во кој човекот и ѕверот спијат во исто дувло, а детето го заодува својот незаоден чекор.”

Прочитајте го оригиналниот текст во целост, на српскохрватски
______________

* Текстот е објавен во Књижевне новине, Белград, 01.03.1969, бр. 348, стр. 9. На истата страница се наоѓа и песната „Грозомор” (во превод на Сретен Перовиќ) и текстот на Шопов „Поетот треба да ги разбуди зборовите, како и написите „Отворена песна”, од Александар Ристовиќ, и  „Кон прабитието на песната”, од Миодраг Друговац.