Револуцијата преточена во песна*
(Обработка на песната „За љубовта наша делата ќе кажат“ од Ацо Шопов)

Милица Луковска

Локализацијата: песната „За љубовта наша делата ќе кажат“ е од збирката песни Со наши раце, објавена 1950 година, а која ѝ припаѓа на првата фаза од поетското творештво на Ацо Шопов, кој ѝ припаѓаше на генерацијата што го слушна повикот на Револуцијата, со песна ја отпочна и во песна ја опеја. Неговата песна ги здружи младите во заедничко чувствување и ја остави песната за да живее и по своето заминување.

За да воспоставиме контакт со песната, да постигнеме концентрација кај учениците, неминовна за доживување, во уводниот дел на часот поведуваме разговор за мајските празници 1 Мај, 25 Мај, штафетата на младоста, но и за 4 мај – ден на големата наша загуба. При тоа, секако, потребно е да се нагласи степенот на развојот изградбата на татковината, остварувањето на работничките права кај нас низ работничкото самоуправување, рамноправноста меѓу луѓето и братството меѓу народнте и народностите, како придобивка на нашата револуција. Тука секако ја истакнуваме големата улога на другарот Tито, неговото хумано дело, неговите заслуги за сѐ она што денес го има Југославија. Во разговорот за 25. Мај – Денот на младоста, ја истакнуваме свеченоста на чинот на предавањето на штафетата – симболот на братството и единството и секако тука ќе се наметне и тагата по ненадоместливата загуба. Но неговата порака останува, а песната „Другар Тито, ние ти се колнеме“ младите ја прифатија како химна, како ветување и јасна перспектива – по Титовиот пат – напред.

За да се доживее свечениот тон на песната, часот може да се отпочне и со една мелодија од бригадирскиот живот. Потребната концентрација за доживување на песната на Ацо Шопов ќе ја постигнеме најмногу со добро подготвено уметничко читање или рецитирање на песната.

Мотивско-идејна анализа на песната

За полесно откривање на мотивот во песната, по прочитувањето можеме да поставиме прашање каков впечаток остава кај учениците (свечен, радосен, полетен). Бараме од учениците да наведат имиња со кои ќе определиме кој и што е воспеано во песната, а ние на табла запишуваме:

Тито
верба
љубов
младост
бригади
земја
народ

Тогаш лесно го откриваме и запишуваме на табла под насловот на песната мотивот: Воспевање на слободниот живот, љубовта кон саканиот Тито и градителскиот труд на младите.

Бидејќи песната е испеана во еден родољубив занес, во вид на динамично набројување на сѐ она што е во поетот, еден силен изблик на разновидни чувства, желби, уверувања, успеси и сл., тешко е да се направи некоја строга композициска шема, но сепак ќе издвоиме неколку уметнички слики, односно, содржински целини.

Во првата строфа апострофирајќи го името Тито и Песна поетот ја воспева убавината на слободното живеење, радосното биење на срцата сплотени во едно и силната верба дека така ќе биде и во иднина. Тука секако треба да се нагласи хиперболичното значење на зборот блика.

Втора строфа отпочнува со истиот збор како и првата – денес со цел да ѝ се даде вечност на нашата стварност – слободата.

Преку интимната желба на поетот (истакната преку формата на глаголите во прво лице еднина: сакам, стиснам, гледам, шепнам) да се најде пред големиот човек и водач и низ стисокот на раката да ги изрази своите желби, пред нас се разоткрива портретот нa дpyrapoт Tито:

Денес така многу, така многу сакам
да ја стиснам цврсто твој’та смела рака,
ликот да ти гледам што го бура слеа
твоите очи грижни што ко сонце греат

Доволно е да се разбере суштината на епитетот смела рака, очи грижни, метафората бура, соколе и компарацијата што ко сонце греат и да се истакне грандиозното дело на другарот Тито кој ја изведе револуцијата, а таа ни го даде него, да се истакне неговата хуманост и нашата сигурност што сме негови следбеници.

Во следните стихови, низ замислен дијалог, поетот го изразува своето силно уверување дека младоста, овде означена со убавиот синоним, пролет, цврсто е решена да не го дава она што го стекнала, да не потклекне пред тешкотиите „пластови снежни“, туку со уште поголем елан ќе оди напред.

...наш’та пролет, под пластои снежни
нема да ги свие своите млади крила,
а ќе биде утре поцветна и мила!

Уште едно убаво чувствување и уверување за слогата, братството и единството родени во револуцијата и прифатени како трајна определба на младите:

Почуј, друже Тито, – наш соколе вишен,
почуј како земја в топла љубов дише
и на нејни гради нова младост расне, –
како цвеќе нежна и ко зора јасна!

Трета логична целина би биле стиховите во кои се набројуваат карактеристични работни победи на младите – Маврово, Железник, за да нагласи поетот „И каде нe само – и каде не уште!“ истакнувајќи го работниот полет на младоста, радоста, предизвикана од успесите во изградбата, сpeќата и бескрајната љубов кон Тито и неговото дело што трајно ги здружува луѓето во заедничко чуствување

Денес сета земја
како човек еден
во мисли те гушка,
во срце те носи!

Последната строфа на песната е слична со првата, а нејзиниот последен стих е повторување на насловот за да се потенцира идејната порака на поетот:

Песната, испеана од поетот и прифатена од народот, е израз на вербата во поубаво утре, песна поттик и желба за нови дострели во обезбедувањето на среќа, радост и љубов, не вербална, туку потврдена низ нови работни победи, гаранција за мир и благосостојба.

По исцрпената мотивско-идејна анализа на песната на табла ја забележуваме композициската структура на песната:

а.– воспевање на слободата;
б. – ликот и делото на другарот Тито;
в. – младите во изградба на татковината;
г. – љубов потврдена низ дела.

Поставувајќи ја вака композицијата на песната, истовремено го одредуваме и интензитетот на чувствата, а тоа е постигнато со искрено поетско одушевување, мечтаење, уверување, констатирање. Чувствата се разиграни, динамични, скоро несредени, така што поетот не е во состојба мирно да ја изрази радоста, туку бара повисок тон, распеан и уверлив, со богат поетски израз.

Така постепено доаѓаме до естетската анализа на песната за да се сфати како една уметничка, идејно-естетска целина.

Лирскиот говор во песната е афективно обоен што го определува самата содржина. Таа афективност е постигната со извични реченици (На крајот на секоја мисловна има извичник); Употребата на вокативната форма „др уже Тито“ што четирипати се повторува во песната; повторување на извикот „О“.

Употребата на императивни форми кај глаголите – „почуј“ набројување на карактеристични епитети, хиперболи, компарации, персонификации и други изразни средства, карактеристични за поетскют израз.

Уште во почетокот на песната, поетот не опсипува со такви изрази: песна, верба, млади срца, љубов, па ќе продолжи со набројувањето и во останатите стихови: земја, младост, цвеќе, зора, бригади, крампој, титан, радост, браќа и сл.

Сликовитоста на стилот најмногу ја постигнал со употребата на епитетите:

родни браќа
силна верба
топла љубов
смела рака
очи грижни
млади крила
соколе вишен
нова младост
нов титан

компарации:

„твоите очи грижни што ко сонце гpeaт“
„како цвеќе нежна и ко зора јасна“
„ко пролетен дождец
милува и роси –
денес сета земја
како човек еден
во мислите те гушка
во срце те носи!“

персонификации:

„почукај како земја в топла љубов дише“
„пролетен дождец милува“
„денес сета земја во мисли те гушка“

Овде секако се истакнува лиричноста на изразот низ деминутивната форма „дождец“, глаголите „милува“ и „гушка“.

Анализирајќи ги метафорите „бура“ „пролет“, „соколе“ ја истакнуваме уште еднаш сплотеноста на младите со делото на другарот Тито.

Хиперболата – блика, ја засилува љубовта и вербата во поубаво утре.

Анализата не би била потполна, ако не ја истакнеме и функцијата на прилогот „денес“ и глаголите во сегашно и идно време. Имено, на тој начин песната добива вонвременско значење и постојаност на нејзината актуелност – и без Тито со нас, со него во нас.

Употребата на идното време кај глаголитe:

„а ќе биде утре поцветна и мила“
„За љубовта наша делата ќе кажат!“

Уверливо ја определува перспективата на нашата земја и потврдата на искрената љубов и определба на младите – за љубовта наша делата ќе кажат!

Песната е испеана во комбиниран стих, дванаесетерец, слободен и шестерец.

На овој начин се постигнува динамичноста во ритамот. И римата е нерамномерно распоредена – парна и вкрстена.

По ицрпната анализа даваме неколку теми за домашна работа по групи за да провериме какви асоцијации побудува песната кај учениците:

1. 25. Мај
2. Пред сликата на Тито
3. Во стројот на бригадирите
4. Наши пораки и ветувања

Песната дава можност на наредните часови да се рецитира во вид на рецитал.

________________
*Текстот е објавен во Просветен работник, 27.04.1982.