This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Соптствен печат*

Миодраг Друговац (1928 – 1995), македонски литературен критичар

Миодраг Друговац

Дури и во рамките на интимистичкиот круг на песните на Ацо Шопов, збирката Ветрот носи убаво време го означи почетокот на новата фаза, лирски порефлексивна од претходната. Славко Јаневски даде една своја невообичаено концизна и поучна проценка за таа поезија на внатрешната корица на оваа збирка: „ Ветрот носи убаво време, најновата збирка поезија на Ацо Шопов, не распнувајќи се да биде емоционална, таа е тоа во секој стих; не претендирајќи да биде филозофија, таа е тоа со многу филозофски зрнца во себе, филозофија која носи меланхоличен потсмев на еден поет („Чудак“ „Здравица“, „Добра ноќ“) – еден необичен, по малку темен хумор, сосем непознат во нашата поезија“.

Песните од оваа збирка се во извесна смисла мост помеѓу поранешниот и поновиот поетски ракопис на Шопов, на пример помеѓу песните „Очи“ и „Кон галебот што кружи над мојата глава“, од првата и втората фаза на неговото творештво и искуството на една Небиднина (1963), која веќе наголемо ја започнува и најавува песната  песната „Сосем налик на сите брегови“ од збирката Ветрот носи убаво време.

Прочитајте го оригиналниот текст во целост, на српскохрватски

___________________

* Текстот е објавен под наслов „Ацо Шопов” у сараевскиот часопис Живот, 1974, 11, стр. 559-568 и во книгата Македонска књижевна критика и есеј, Матица српска, Нови Сад, 1978, стр. 347-363, а подоцна е преземен и во изборот од критиките  во книгата Пјесме, Сарајево, Веселин Маслеша, 1984