This post is also available in: Serbian

Отворена песна*

Александар Ристовић (1933 -1994),српски песник, уредник Нолитове библиотеке „Моја књуга”

Александар Ристовиќ (1933 -1994), српски поет, уредник на Нолитовата библиотека „Моја књуга”

Александар Ристовиќ

Една од вредностите на песната е секако нејзината податливост за различни интерпретации. Тргнувајќи од конкретното доживување на одредена поединост, поетот таа поединост одеднаш ја чувствува како воопштеност на можните појави и постапува со неа како со симбол; токму со тоа што ги организира поединостите, тој им ја дава важност на симбол: затоа „Грозомор“ на Ацо Шопов е пример за поетската постапка воопшто, иако тој ја апострофира својата „порака“ уште во самиот наслов. Сега на читателот му останува да ја прошири (песната) преку еден верижен систем на асоцијации кои зависат и од неговото минато и понатамошно искуство.

Прочитајте го оригиналниот текст во целост, на српскохрватски јазик.
______________

* Текстот е објавен во Књижевне новине, Белград, 01.03.1969, бр. 348, стр. 9. На истата страница се наоѓа и песната „Грозомор” (во превод на Сретен Перовиќ) и текстот на Шопов „Поетот треба да ги разбуди зборовите, како и написите „Кон прабитието на песната”, од Миодраг Друговац и „Симбол на нашиот свет”, од Миланка Илиќ, студентка по стоматолигија.