This post is also available in: Slovenian

 

fran_petre

Фран Петре (1906-1978), словенечки литературен критичар

Раѓање на вистинската лирика *

Фран Петре

Поезијата на македонскиот литературен јазик се развива од пред само дваесетина години. Пред Втората светска војна, на неа почнаа да пишуваат млади поети кои мораа да ја напуштат Македонија, како Коста Рацин во Загреб и Венко Марковски и Коле Неделковски во Софија.

Ацо Шопов, заедно со Блаже Конески и Славко Јаневски, ѝ припаѓа на втората генерација поети, што ги исфрли на површина народно-ослободителната борба во Македонија. Роден е во 1923 година во Штип, каде што заврши средно училиште, пред да се приклучи кон партизаните и да се бори во Третата македонска ударна бригада. Партизанскиот живот е тој што го изградил како човек и поет, така што во неговите први песни речиси исклучиво доминираат партизански мотиви.

[…]

1957 Zlij se s tisinoОколу 1950 година започна пробив на нови книжевно-теоретски погледи, особено меѓу помладата генерација. Карактеристично е тоа што патот не го отвори литературната критика, туку самата поетска практика.

Оваа промена ce одрази и во збирката на Шопов со симболичен наслов Слеј ce со тишината. Ha сопствениот развоен пат и развојниот пат на младата македонска поезија поетот дојде до сознание дека изворот на вистинската уметничка инспирација ce наоѓа во засилено индивидуално доживување. Наместо големи колективни идеи и движења, во преден план излегува интимното чувство, што човекот го открива низ непосредни, секојдневни односи. Во првите стихозбирки Шопов е борец и идеолог, a овие 34 песни ја откриваат неговата душевност. Co овие исповеди поетот тргна по патот на вистиската лирика“.

Прочитајте го интегралниот оригинален текст на словенечки

____________________
* “Мakedonski pesnik”, поговор кон првото издание на словенечки јазик на Слеј се со тишината (Zlij se s tišino, Državna založba Slovenije, 1957), во препев на Иван Минати.