This post is also available in: Serbian

Мирот и немирот на еден бард *

Мирко Милорадовиќ

„Кај Шопов е пресудно е едно старинско и во позитивна смисла на зборот нарцисоидно искуство на светот: сè што минува низ моите мисли и крвоток − важно е, сè што остава трага во поетот, во песната − треба да им се подари на другите”, пишува Мирко Милорадовиќ во огледот за Предвечерје, избор од поезијата на Ацо Шопов објавен на српскохрватски јазик  во Графички завод, Титоград, во 1966 година. „Во еден таков контекст, поетот е субјект кој свесно ја презема улогата на објект: тој страда и доживува интензивно и возвишено, а потоа тоа доживување го споделува со нас, повикувајќи нè да се приклучиме кон човечките немири што еманираат од и се разгоруваат во неговата поезија.”

 

Милорадовић смета дека изборот и препевот на Сретен Перовиќ, како и структурата на книгата не даваат најдобар преглед на развојот на поезијата на Шопов, „а подемот на Ацо Шопов е очигледен”, забележува тој, истакнувајќи дека овој поет не е од оние што ги истураат и претураат старите идеи, ниту од оние што се фаќаат за новотиите како за спасоносен сплав, туку дека ги прифаќа оние новитети што му се подредени на неговото поетско битие. ”Од поетот кому добрината му беше врвниот збор до творецот на зборот небиднина поминат е најдобриот и најцелисходниот пат, патот на спознанието”, заклучува Милорадовиќ.

Прочитајте го оригиналниот текст во целост, на српскохрватски

_____________________
* Овој текст за книгата Предвечерје е објавен је у белградскиот неделник НИН, на 13.03.1966