Откривач на метафориката*

Петар Ширилов

Ацо Шопов ја откри метафориката на нашата незгниена исконска македонска крв и ја збогати циркулацијата на нашето современо битие. Неговиот бунт и неговата страст се свртени во откривањето на коренот на нашето историско сеќавање за произлезот и за императивот да се отстои. Интересно: еден суптилен лиричар творечки успеа да ја раздроби карпата на физичкото и на духовното ропство и тука да го открие изворот на една наша крв, како темел и како свест за нашето траење. Штом Гоцета Делчев творечки го распнавме со Македoнија, тоа уште еднаш му се случи и на поетот и на водачот на целото наше национално битие. Поезијата го побара оној одземен простор во кој немаше можност за замав на мечот од Болен Дојчин.
_________________
*  Овој инсерт е објавен во Дело 74, 1982, год IX, бр. 5-6, под наслов „Откривач на метафориката на нашата незгниена исконска македонска крв”. Насловот и изворот на оригиналниот текст, објавен во 1968 година, се непознати.