This post is also available in: Serbian

Лириката на Ацо Шопов*

Оливера Вуксановиќ

Поетот е во песната како во студена пештера, како во непрегледна шума, каде што, наместо дрвја лежат огромни, расфрлени и скаменети зборови. Тој е оној што треба да ги спаси од смртта, да ги разбуди од скаменетиот сон, да ја оживее шумата, за да почне дрвјето да оди. Често тој успева во тоа, а можеби уште почесто стои во неа, во таа шума, збунет и беспомошен попусто повикувајќи ги да му помогнат во очајот поранешните поетски искуства. Попусто, зашто секоја песна е едно посебно откритие, едно посебно сознание што не може да се повтори ако е еднаш доловено. И така од песна во песна. Штотуку ќе се затвори еден круг, треба да се отвори нов. И секогаш едно исто проклето прашање: како?1

Во текот на својата поетска еволуција Ацо Шопов отвори четири такви лирски кругови, четири видно заокружени, но не меѓусебно затворени целини. Тие едноставно се преливаат еден во друг: песните што го затвараат едниот, истовремено го отвараат следниот круг. Затоа на неговиот поетски и мисловен растеж му се непознати нагли раскини и прекршувања.

Прочитајте го интегралниот оригиналнен текст на српскохрватски јазик

Оливера Недељковиќ (рoдена Вуксановиќ), српска писателка и библиотекар

___________________
1Поетот треба да ги разбуди зборовите“, Књижевне новине, Београд, 1 март 1969, бр. 348, стр. 9
___________________
* “Лириката на Ацо Шопов” e семинарска работа на Оливера Вуксановиќ (денес Недељковиќ), објавен во едицијата Библиотека семинарских и дипломских радова, на Филозофскиот факултет в Ниш, во 1998 год. Уредник: Мирољуб Стојановиќ. Рецензенти: Мирољуб Стојановиќ и Станиша Величковиќ. Повеќе податоци за книгата.

 

.