Ацо Шопов: Разбирања и недоразбирања во врска со Титовата мисла за уметноста *

Машинопис АШ К3 АЕ109, стр. 5

Револуционерот престанува да биде револуционер ако го изгуби усетот за новото, за утрeшното, но тој двапати побргу престанува да биде тоа ако во неговите претстави за новото и утрешното не се крие всушност ништо друго туку помодарското, коњуктурното, квазимодерното, како и слепилото на снобизмот.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.

___________________
* Препис на машинопис од Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ: АШ К3 АЕ104. Насловот е од редаквијата на Лирскиот дом на Ацо Шопов. Во инвентарот на Фондот оваа единица е опишана како „дискусија на седница на ЦК СКМ, машинопис 6 листови (не авторизирана)”, додека во папката стои рачно напишана забелешка „дискусија на А.Ш. во својство на претседател на Комисијата или Комитетот за култура?! на седница на ЦКСКМ”. 

Фактот дека текстот почнува со „Зборовите на другарот Тито, во кои се укажува на некои од основните проблеми на нашата современа уметност”, упатува на можноста текстот да биде реакција (на седница или за некој медиум) на познат говор на Тито во врска со уметноста, како на пример оној изговорен во пресрет на 1963 година, кој предизвикал многу реакции во југословенската културна јавност.

Дебатата на тема „Литературната ситуација денес“, одржана во Друштвото на писателите на Македонија на 18.01.1963 год. е можеби исто така инспирирана од овој говор. 

Други разговори и статии на Ацо Шопов